Standardization Institute of the Republic of North Macedonia
Phone: +389 3247 150, +389 3247 159, +389 75 444 627,+389 70 233 086
E-mail: isrsm@isrsm.gov.mk
Yuri Gagarin 15, 3-rd floor, 1000 Skopje

10 ГОДИНИ ОД ПОЛНОПРАВНОТО ЧЛЕНСТВО НА ИСРСМ ВО ЕВРОПСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА СТАНДАРДИЗАЦИЈА CEN и CENELEC.

2022-јули-01 ИСРСМ обележува 10 години од своето полноправно членство во рамки на европските организации за стандардизација.

Нашето членство е сигурен гарант дека Европските стандарди се и македонски стандарди. ИСРСМ во континуитет работи на одржување на ефикасен и одржлив систем за стандардизација во Република Северна Македонија кој ќе овозможи потполно учество во стандардизацискиот систем на европско и меѓународно ниво, што има за цел поддршка на македонското стопанство при излезот на странските пазари и заштита на македонските интереси.

Европската стандардизација е битен инструмент за усогласување единствен пазар, зајакнување конкурентноста и создавањето услови за економски раст. Европските стандарди се клучна алатка за олеснување меѓународна трговија – како со единствениот европски пазар, така и со остатокот од светот. Стандардите може да се користат за подобрување безбедност и перформансите, развивање на енергетска ефикасност, заштита на потрошувачите, работниците и животната средина како и намалување непотребни трошоци кај производителите, дистрибутерите, купувачитете на производи и корисниците на услуги - во јавниот и приватниот сектор.

Европскиот систем за стандардизација е единствен во светот. По објавувањето на европскиот стандард, секое национално тело за стандарди или комитет е должно да го повлече секој национален стандард што е во спротивност со новиот Европски стандард. Оттука, еден европски стандард станува национален стандард во сите 34 земји-членки на CEN и/или CENELEC.