Standardization Institute of the Republic of North Macedonia
Phone: +389 3247 150, +389 3247 159, +389 75 444 627,+389 70 233 086
E-mail: isrsm@isrsm.gov.mk
Yuri Gagarin 15, 3-rd floor, 1000 Skopje

ГЕНЕРАЛНО СОБРАНИЕ НА CEN И CENELEC

21-23 јуни 2022-Прага.

Чешката канцеларија за стандарди, метрологија и тестирање и чешката агенција за стандардизација (UNMZ) се домаќини на овогодинешното CEN и CENELEC генерално собрание.

Стандардизацијата во изминативе две години е во фокусот на сите случувања кои се одвиваат во Европа и има значајна улога во справување со сите предизвици со кои се соочуваме, тргнувајќи од дигиталната транзиција па се до борбата против климатските промени.

Генералните собранија на CEN и CENELEC се повод за дискусија за клучните стратешки, политички и технички прашања поврзани со европската стандардизација и идните насоки за имплементација на заедничката Стратегија 2030.

Делегацијата на ИСРСМ ја искористи можноста да разговараат со Генералниот Директор на CEN и CENELEC, Elena Santiago Cid, како и со Претседателите на CEN и CENELEC Stefanio Calzolari и Wolfgang Niedziella, каде ја истакна својата загриженост околу најавеното спојување на инстутициите при што ИСРСМ би ја изгубил улогата на полноправна членка на CEN и CENELEC за која нашиот Институт помина макотрпен и долг пат. Во таа насока Генералниот Директор на CEN и CENELEC г-ѓа Elena Santiago Cid укажа дека Европската стандардизација ќе завземе став и поддршка на ИСРСМ во врска со најавеното спојување со други институции во нашата земја.

Директорот на ИСРСМ Dzevat Kicara искористи прилика за проширување билетарална соработка со други институти за Стандардизација кои се полноправни членки на CEN и CENELEC или се во процедура да станат полноправни членки.