Standardization Institute of the Republic of North Macedonia
Phone: +389 3247 150, +389 3247 159, +389 75 444 627,+389 70 233 086
E-mail: isrsm@isrsm.gov.mk
Yuri Gagarin 15, 3-rd floor, 1000 Skopje

INITIATIVE FOR THE CREATION OF A NEW TECHNICAL COMMITTEE - ISRSM TC 39

По иницијатива на „Здружението на преведувачи и толкувачи на Република Македонија“, ИСРСМ отпочна постапка за формирање на нов Технички комитет, со предлог наслов: ИСРСМ ТК 39 - Јазици и терминологија, толкување и поврзана технологија.  

Целта но овој нов ТК ќе биде стандардизирање на јазичните услуги, услугите на професиите преведувач, толкувач, терминолог, потоа, подобар севкупен квалитет на јазичните ресурси во сите области; подобро управувањето со информациите во различните индустриски, технички, комерцијални и научни дејности и средини; намалени трошоци и зголемена делотворност и квалитет во техничката стандардизација и професионалната комуникација; зголемена меѓународната трговија поради намалување на јазичните бариери преку обезбедување професионални јазични услуги и намалени здравствени ризици.

Техничкиот комитет треба да го сочинуваат претставници на заинтересираните страни: економски оператори, државни институции, здруженија на граѓани и др.  Претставниците на заинтересираните страни треба да бидат стручни и компетентни лица кои работат со оваа материја и кои ќе ги застапуваат интересите на организацијата/институцијата во која работат. 

Доколку цените дека имате интерес за учество во процесот на изработка и усвојување на македонски стандарди од оваа област, Ве молиме да номинирате еден претставник од Вашата институција за член во ИСРСМ ТК 39. 

Номинацијата направете ја со пополнување на Образецот ОБ_Р2_004 – Пријава за членство во ИСРСМ ТК 39 и Европско CV на македонски јазик. Пополнетите обрасци заедно со допис со кој номинирате свој претставник во ИСРСМ ТК 39, доставете ги на адреса на ИСРСМ најдоцна до 13.09.2022 година.

За дополнителни информации може да се обратите на тел: 02/ 3247 -150.

Лица за контакт:              Маја Дојчиновска Колиќ, e-mail: kolic.maja@isrsm.gov.mk

                                                  Горан Плетварски, e-mail: pletvarski.goran@isrsm.gov.mk