Standardization Institute of the Republic of North Macedonia
Phone: +389 2 3247 150, +389 2 3247 159, +389 2 3247 157, +389 75 444 627
E-mail: isrsm@isrsm.gov.mk
Yuri Gagarin 15, 3-rd floor, 1000 Skopje

ПОКАНА ЗА ОНЛАЈН ОБУКА

Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија (ИСРСМ) организира дводневна онлајн обука за стандардот МКС ISO 37301:2021–Системи за менаџмент со усогласеност – Барања со упатства за употреба и МКС ISO 37002:2021 – Системи за менаџмент на укажувачи – Упатства.

Темите на оваа онлајн обука, се од областа на усогласено работење со прописите (Compliance), како контрола функција и втора линија на одбрана во компаниите, од различни индустрии, како и воспоставување на систем на управување и митигирање на ризиците од неусогласеност (усогласено работење со прописите, судир на интереси, примање поклони, поткуп, корупција, заштита на укажувачи, етика и сл.), со кои се соочуваат компаниите, а кои можат да доведат до регулаторни и парични санкции, како и репутациски ризик.

Првиот ден од онлајн обуката е наменет за детална разработка на структурата на стандардот МКС ISO 37301:2021; идентификување и презентирање на барањата кои произлегуваат од стандардот, а во насока на воспоставување, развој, имплементација, евалуација, одржување и подобрување на ефективен систем за менаџмент со усогласеност; како и споредба со претходната верзија на стандардот МКС ISO 19600:2014.

На вториот ден од обуката ќе биде разработена структурата на стандардот МКС ISO 37002:2021; ќе се идентификуваат и презентираат барањата кои произлегуваат од овој стандард, во насока на воспоставување, имплементација, и одржување на ефективен систем за менаџмент на укажувачи, заснован на доверба,непристасност и заштита, а во поглед на постапување со пријави за корупција, потткуп и други форми на сомневање за сторено штетно однесување,како и споделување на добра пракса од оваа област.

Обуката е наменета за оние кои сакаат поблиску да се запознаат со барањата на стандардот МКС ISO 37301:2021- Системи за менаџмент со усогласеност – Барања со упатства за употреба и Системи за менаџмент на укажувачи – Упатства, поточно за топ менаџментот, одговорните раководни лица за усогласување на работењето со прописите, compliance офицерите, вработените во човечки ресурси, одговорните лица за постапување со укажувачи, ревизори, консултанти итн., кои се дел од јавен и приватен сектор, и невладини организации, без оглед на големината на организацијата, и индустријата во која овие организации делуваат. Оваа обука како добра пракса за работење и стандарди во конкретните области се препорачува и за лица вработени во надлежни регулаторни тела, супервизорски и судски органи.

Предавач на оваа обука ќе биде г-ѓа Ирена Бачановиќ Каракашев, меѓународно сертифициран compliance професионалец, со петнаесет годишно банкарско искуство, во областана управување со ризици од усогласеност, етика и интегритет. Г-ѓа Бачановиќ Каракашев е долгогодишен обучувач на теми од областа на усогласено работење, етика, интегритет и корпоративно управување; поранешен член, во својство на претставник на финансиска институција, во стручните лаворамки на Македонска банкарска асоцијација и активен промоторна compliance функцијата како значајна контролна функција, во рамки на добро корпоративно управување.

Ве покануваме да учествувате на оваа дводневна онлајн обука која ќе биде одржана на 13 и 14 Април 2022. Заради навремена организација на настанот, Ве молиме да го потврдите Вашето учество најдоцна до 08 Април 2022. Котизацијата за онлајн обуката изнесува 5.000,00 денари, со можност да се искористи 20% попуст, кој се одобрува за членките на ИСРСМ, како и за повеќе учесници од иста институција. Учесниците на оваа онлајн обука ќе се стекнат со сертификати за учество, а котизацијата за обуката вклучува материјали за обуката како и примерок од стандардот. Пријавата за учество можете да ја испратите на емаил: isrsm.obuki@isrsm.gov.mk.

За сите дополнителни информации ви стоиме на располагање.

Лице за контакт:

Јасминка Муковиќ

Советник за обуки

телефон: 02 3247 157 

мобилен: 075 444 627

емаил: isrsm.obuki@isrsm.gov.mk