Standardization Institute of the Republic of North Macedonia
Phone: +389 2 3247 150, +389 2 3247 159, +389 2 3247 157, +389 75 444 627
E-mail: isrsm@isrsm.gov.mk
Yuri Gagarin 15, 3-rd floor, 1000 Skopje

МЕЃУНАРОДНИ СТУДЕНТСКИ РАБОТИЛНИЦИ

ISO - Меѓународната организација за стандардизација (www.iso.org), минатата година започна голема акција за вклучување на студентите во светот  на  стандардизацијата. Како резултат на тоа досега  се регистрирани повеќе од 2.000 академици од речиси 70 земји во светот за учество во работилници кои се подготвени во неколку серии. Тема на овие онлајн настани е „ISO & THE ROLE OF STUDENTS IN MAKING LIVES EASIER, SAFER & BETTER“, а целта е новите генерации професионалци директно да се запознаат со начинот на усвојување на меѓународните стандарди и придобивките од нивната примена за да во иднина бидат подготвени за создавање своја успешна кариера.

Третата серија работилници е започната на 30 јануари и ќе опфати шест двоиполчасовни состаноци со кои ќе претседава претседавачот на Техничкиот комитет на DEVCO, г-ѓа Мојдех Росан Табари (https://www.iso.org/devco.html).

Ги покануваме сите заинтересирани студенти да се пријават на следниот линк: https://isineg.org/.

Исто така ве информираме дека е формиран Првиот меѓународен Студентски технички комитет, ISINEG/TC 1 „Климатски промени“  во кој членуваат студенти од 25 земји. 

Секретаријатот на овој Технички комитет се наоѓа во IBNORCA (Instituto Boliviano de Normalización y Calidad), а менаџерот на Комитетот е исто така од Боливија. 

Студентскиот технички комитет одржа 3 пленарни состаноци и создаде 8 работни групи во кои студентите од светот вклучително и нашата земја имаат можност да се вклучат и предлагаат нови предлози и идеи за работа:

ISINEG/TC 1 WG 1 Терминологија

ISINEG/TC 1 WG 2 Управување со зелена инфраструктура

ISINEG/TC 1 WG 3 Океан

ISINEG/TC 1 WG 4 Технологија

ISINEG/TC 1 WG 5 Управување со ризици во животната средина

ISINEG/TC 1WG 6 Управување со отпадот од храна

ISINEG/TC 1 WG 7 Политика за заштита на природната средина

ISINEG/TC 1 WG 8 Одржливо производство

Четвртата серија работилници  ќе започне од 26 март предводени од корејските универзитети и студенти.