Врз основа на член 26 од Статутот на Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија бр.07-124/2 од 11.02.2004 година како и Одлука за отпочнување на постапка за именување на Стручни одбори бр.02-403/5 од 02.04.2012 година,Советот на Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија (ИСРСМ) објавува
ОГЛАС
за именување на членови на Стручни одбори во Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија
СЕ ОБЈАВУВА оглас за пријавување на кандидати за именување на членови на :
- Стручен одбор за општа стандардизација од областите:
машинство - еден кандидат,
металургија – еден кандидат,
градежништво – еден кандидат,
хемија – еден кандидат,
земјоделие и храна – еден кандидат,
услужни дејности – еден кандидат,
здравство – еден кандидат.
- Стручен одбор од областа на електротехника, информациска технологија и телекомуникации од областите:
општа електроника – еден кандидат,
енергетска електротехника – еден кандидат,
електроника – еден кандидат,
електромагнетна компатабилност – еден кандидат,
електроакустика и ултра звук – еден кандидат.
Членови на Стручен одбор можат да бидат индивидуални стручни лица или претставници на институции, а предност имаат членките на Институтот.
Рокот за доставување на пријавите изнесува 10/десет/ денови, сметано од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување).
Кандидатите треба да достават пријава во пропишана форма која ќе биде објавена на веб страната на Институтот или ќе ја подигнат претходно од Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија и треба да содржи:
- име и презиме на кандидатот и областа за која што се пријавува,
- име на правното лице или институцијата во која е вработен;
- кратка биографија CV на кандидатот, професионалната работа и
професионалниот опис на кандидатот;__
- доказ за знаење, искуство и вештини од соодветната област на работа на Стручниот одбор;
- писмена согласност на кандидатот;
- познавање на еден странски јазик;
Учеството во Стручниот одбор е без надомест.
Ненавремената и некомплетна документација нема да биде предмет на разгледување од страна на Советот на ИСРСМ.
Потребната документација кандидатот е должен да ја достави во затворен плик на следната адреса:
Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
Совет на ИСРСМ
Васил Главинов бр.8, блок 10 – мезанин 1000 Скопје
(со назнака за оглас-за стандардизација)