Standardization Institute of the Republic of North Macedonia
Phone: +389 3247 150, +389 3247 159, +389 75 444 627,+389 70 233 086
E-mail: isrsm@isrsm.gov.mk
Yuri Gagarin 15, 3-rd floor, 1000 Skopje

ПРОЦЕС НА РЕОРГАНИЗАЦИЈА ИПА 2017 ПРОЦЕС „ПОДДРШКА НА ДРЖАВНА РЕОРГАНИЗАЦИЈА“

Работна средба на раководните лица на институциите кои важат за инфраструктура за квалитет во земјава, г-ѓа Мерита Мустафаи директор на Биро за метрологија, г-дин Слободден Чокревски, директор на Институт за акредитација на Р.С.М и г-дин Џеват Кицара, директор на Институт за стандардизација на РСМ. На средбата е дискутирано по однос на процесот на реорганизација ИПА 2017 проект „Поддршка на државна реорганизација“ каде е нагласен статусот и основните начела на институциите како единствени национални тела, секоја како посебно правно лице, независна и посебна во работата согласно барањата на ЕУ од една страна, воедно потврдена тесна соработка и координација меѓу споменатите институции од друга страна. ИСРСМ е дел од столбот за инфраструктура на квалитет и како единствено национално тело за стандардизација ги претставува националните интереси во меѓународните (ISO, IEC), европските (CEN, CENELC, ETSI) и регионалните организации за стандардизација.