Дводневна онлајн обука за стандардот: „МКС EN ISO 9001:2015 - Преку континуирано подобрување до ефективност и ефикасност во работењето“ 05 – 06 Април 2023
Со стандардите постигнувате поголем квалитет и конкурентност на вашите производи, услуги и процеси како на домашниот така и на пазарот надвор од земјава. Ги намалувате трошоците за развој и производство на вашата деловна активност. Воедно, се постигнува поголема безбедност и заштита на човекот и околината. Затоа од особена важност е да бидет вклучени во стандардизациските текови и бидете член на ИСРСМ.
НОВАТА СТРАТЕГИЈА НА СТАНДАРДИЗАЦИЈА НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА
Новата стратегија на Европската Комисија има за цел да го забрза прифаќањето на паметните и одржливи стандарди во екосистемите идентификувани во индустриската политика на ЕУ
ИСРСМ ја цени и е посветен на заштита на вашата приватност, вклучително и онаа на нашите членки и соработници, учесниците во работата на ИСРСМ, клиентите, посетителите на веб -страната на ИСРСМ и претплатниците на ИСРСМ услугите. Согласно Политиката на приватност, ИСРСМ ги собира и ги обработува личните податоци на корисниците на услугите на ИСРСМ, за време на регистрацијата, или за време на користењето на нашата веб-страница и ИТ -алатки, кои се заштитени или со законот за Заштита на лични податоците и подзаконските акти или со Европската регулатива за заштита на личните податоците. ИСРСМ презеде соодветни организациски и технички мерки (ИТ безбедност) за да осигури дека вашите лични податоци се заштитени.
Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија (ИСРСМ) е национално тело за стандардизација кое ги претставува националните интереси во меѓународните, европските и регионалните организации за стандардизација, ги промовира стандардизациските активности и преку здружување на јавните и приватните заинтересирани страни, ИСРСМ подготвува и усвојува доброволни национални стандарди.
Новини и настани
ПОТТИКНУВАЊЕ НА ЗАЕДНИЧКИОТ РЕГИОНАЛЕН ПАЗАР ПРЕКУ КВАЛИТЕТНА ИНФРАСТРУКТУРА И Е-ТРГОВИЈА
28-30 март во Будва, Црна Гора, се одржува регионална средба на EU4Business: Поддршка на регионалната економска интеграција
Потрошувачите имаат големо влијание во развојот на европските стандарди и подобрување на квалитетот на стандардите за да бидат релевантни и да ги исполнат барањата на корисниците.
Целта на јавната расправа е да им се овозможи на сите заинтересирани страни учество во процесот на стандардизација, преку гласање и поднесување на коментари кон содржината на нацрт македонските стандарди и стандардизациски документи (проекти). Гласањето и поднесувањето коментари е определено со соодветен рок, по чии истек истите веќе неможе да се поднесат. Текстот на проектите може да се купи или прочита во библиотеката на Институтот, а општите информации за секој проект (наслов и подрачје на примена, итн.) се достапни на нашата веб-страница. Македонските проекти за гласање и поднесување на коментари се достапни преку доленаведениот линк: видете ги сите проекти (prМК...) на jавна расправа. ВАЖНА НАПОМЕНА: Се додека за соодветниот проект е отворена јавната расправа можете да извршите бришење и/или промена на Вашиот претходно зададен глас, следствено можете да продолжите со поднесување на нови коментари, бришење на старите и/или измена или дополна на претходно поднесените. Сите претходно поднесени коментари како и даденото гласање во овој случај се видливи.