Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
Тел: +389 02 3247 150, +389 02 3247 159, +389 75 444 627,+389 70 233 086
E-mail: isrsm@isrsm.gov.mk
Јуриј Гагарин 15, кат 3, 1000 Скопје
Главно мени

15 МАРТ - СВЕТСКИ ДЕН НА ПРАВАТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ

Потрошувачите имаат големо влијание во развојот на европските стандарди, тие помагаат во подобрување на квалитетот на стандардите креирајки ги да бидат релевантни и да ги исполнат барањата на корисниците.

Бидејќи стандардите го одредуваат начинот на кој производот или услугата е дизајниран или обезбеден пред да се пласира на пазарот, тие придонесуваат производите и услугите да бидат побезбедни и подостапни. Затоа, од витално значење е интересот на потрошувачите да се одрази во развојот на европските стандарди за да се обезбеди исполнување на потребите и очекувањата на потрошувачите.

Тие се од суштинско значење за да го направиме нашиот секојдневен живот безбеден, поефикасен и пристапен Европскиот стандард го обликуваат оние кои придонесуваат за неговиот развој. 

Сите европски стандарди се усвоени како национални стандарди во земјите членки на CEN и CENELEC.

Претставниците на потрошувачите се тие кои придонесуваатза поголемазаштита и зајакнувањена правата на потрошувачите. 

ја обезбедуваат перспективата на крајниот корисник на производ или услуга во процесот на развој на стандарди. На пример, нивните придонеси помагаат да се осигури дека барањата на стандардот ја одразуваат реалната употреба на потрошувачки производ и да ја земат предвид околината во која се користи производот.

Особено е важно гледиштето на потрошувачите - како елемент на јавниот интерес - да се рефлектира во Европските стандарди што ги бара (или „задолжува“)  Европската комисија за поддршка и имплементацијата на европското законодавство (во форма на директиви или регулативи) за безбедносни барања за групите производи како што се играчки, машини, лична заштитна опрема, мобилни телефони итн. 

Consumer Interests