На 20 мај 2023 година се обележува Светскиот Ден на Метрологијата.
Оваа година темата е “Мерења кои го поддржуваат глобалниот систем на храна”.
Оваа тема е избрана поради сé поголемите предизвици на климатските промени и глобалната дистрибуција на храна низ светот чие население достигна 8 милијарди на крајот на 2022 година.
Светскиот ден на метрологијата е годишно одбележување на потпишувањето на Конвенцијата за мерење на 20 мај 1875 година од претставници на седумнаесет земји, при што е поставена рамка за меѓународна соработка за мерење во индустриски, комерцијални, општествени и научни апликации.
Униформноста на мерењето низ целиот свет, како оригиналната цел на Конвенцијата за мерење, останува исто толку важна денес и во оваа дигитална ера како што беше во 1875 година.