21 седница на Собрание на ИСРСМ, помина во атмосфера на одбележување 14 октомври, светскиот ден на стандардите, 20 години основање институт за стандардизација и 30 години стандардизација во Република Северна Македонија.
Три причини на кои беа спомнати и нагласени први почетоци на стандардизација, основање на институт како единствено национално тело за стандардизација во 2003 година и континуирана заложба и зачувување на посветено работење за што беа доделени благодарници на првата постава членови на совет, членови на собрание и прв состав вработени во ИСРСМ за долгогодишна, плодна и успешна работа и значаен придонес во областа на стандардизација :
Воедно и благодарници за Претседатели на сите активни ТК на ИСРСМ , вкупно 32.
Седницата ја отвори и се обрати директорот на Институт за стандардизација на ИСРСМ м-р Џеват Кицара, истакнувајки ја досегашната успешна работа на институтот како и заложбите и тенденцијата на целиот кадар за идни проекти.
Свое обраќање имаа:
Прва директорка на Институт за стандардизација, м-р Жаклина Сековска и сегашен Раководител на одделение за управување со квалитет и меѓународна соработка,
Заменик Министер за животна средина и просторно планирање Христина Оџаклиеска,
Член на Совет на ИСРСМ Сандра Темковска Еленов,
Член на совет од ИСРСМ Вилијам Христовски и
Координатор на целиот настан м-р Горан Плетварски, Раководител на одделение за поддршка на работата на технички комитети од областа на општа стандардизација во ИСРСМ.