87-то Генерално Собрание на IEC (Меѓународна Eлектротехничка Kомисија) 19 Окт – 2 Ное 2023, првично беше планирано да се одржи во Каиро, Египет, но поради неодамнешните конфликти на Блискиот Исток, одборот на IEC, одлучи Собранието да се одржи виртуелно.
Ова Собрание ќе послужи како платформа за размена на идеи, споделување искуства, сознанија и учење едни со други преку дискусии, соработки и колективниот напредок што земјите го постигнале во стремежот кон позелена и поправедна иднина.
IEC е посветена на поттикнување глобална соработка и е поткрепа за квалитетна инфраструктура, меѓународна трговија со електрична и електронска стока, техничките иновации, ефикасен и одржлив енергетски пристап, паметната урбанизација, транспортните системи и ублажувањето на климатските промени, сé со цел безбедноста на луѓето и животната средина, подржувајќи ги сите 17 цели на ОН за одржлив развој.
IEC обединува преку 170 земји и 20000 експерти, објавува околу 10 000 IEC меѓународни стандарди обезбедувајќи техничка рамка која им овозможува на владите и компаниите да градат национална инфраструктура за квалитет и да купуваат и продаваат безбедни и сигурни производи ширум светот.