Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
Тел: +389 3247 150, +389 3247 159, +389 75 444 627,+389 70 233 086
E-mail: isrsm@isrsm.gov.mk
Јуриј Гагарин 15, кат 3, 1000 Скопје
Главно мени

Анализа на задоволство од корисници на услуги

Мерењето на задоволството на корисниците на услуги претставува корисна алатка во стратешкиот пристап кон континуирано подобрување во работењето на сите организациски единици на Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија (ИСРСМ) во насока на исполнување на барањата на корисниците на услуги.

Согласно барањата на стандардот ISO 9001:2015 во ИСРСМ се врши мерење на задоволството на корисниците на услуги како дел од вреднувањата на перформансите на Системот за менаџмент со квалитет со цел да се утврди дали организацијата ги исполнила барањата на корисниците на услуги. Активноста се спроведува преку пополнување на Анкетен лист за корисниците на услуги на ИСРСМ.