ЦЕЛИ НА МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА СТАНДАРДИЗАЦИЈА
Целите на македонската стандардизација опфаќаат: унапредувањето на квалитетот и зголемување на нивото на безбедност на производите, постапките и услугите, придонесува за подобрување на квалитетот на животот и здравјето на луѓето, безбедноста на имотот и заштитата на животната средина и природата. Понатаму, рационалното и економично искористување на човечката работна сила, материјалите и енергијата доведува до подобрување на производната ефикасност, од една страна, и намалување на разновидноста на производите, процесите и услугите, од друга страна. Со сето ова се овозможува зајакнување на меѓународната трговија, односно намалување или отстранување на техничките бариери.
ПРИНЦИПИ НА МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА СТАНДАРДИЗАЦИЈА