Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
Тел: +389 2 3247 150, +389 2 3247 159, +389 2 3247 157, +389 75 444 627
E-mail: isrsm@isrsm.gov.mk
Јуриј Гагарин 15, кат 3, 1000 Скопје
Главно мени

БИЛАТЕРАЛНА И РЕГИОНАЛНА ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА НА РЕПУБЛИКА ТУРЦИЈА

Во рамките на вториот ден од официјалната работна посета на Турскиот Институт за стандардизација, Директорот на Институтот за стандардизација на Р. С. Македонија (ИСРСМ), м-р Џеват Кицара, заедно со г-дин Вилијам Христовски, Советник воедно и член на Советот на ИСРСМ остварија средба со г-дин Муса Чакир, Директор на лабараторијата за градежни материјали, г-дин Месут Дуру, Раководител на групата за систем на сертификација и г-дин Алпер Кара, Менаџер за планирање системи за управување, ја реализираа и можноста да ги посетат лабараториите за хемија, храна, електротехничката и лабараторијата за градежни материјали како и лабараторијата за калибрација и соларна енергија во седиштето на Турскиот Институт за стандардизација, Анкара, да разменат заемни искуства во работата, за подобра имплементација на Халал системот, за употребата на референтната опрема во лабараториите во процесите на мерење и калибрација, но и можност да договорат натамошна поблиска соработка која ќе даде допринос целокупно во процесот на стандардизација и сертификација. Како Институт за стандардизација Би сакале да упатиме јавна благодарност уште еднаш до Турскиот Институт за стандардизација на протоколарниот прием, на гостопримливоста и со Нивните искуства заедно да создадеме нови идеи, планови и проекти кои би дале допринос во процесот на стандардизација во деловниот живот, соодветно квалитетно и масивно производство, зголемување на продуктивноста, зачувување на животната средина, развој на индустријата и општо придонес на регионално, европско и меѓународно ниво, кон општеството и заедницата.