Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
Тел: +389 2 3247 150, +389 2 3247 159, +389 2 3247 157, +389 75 444 627
E-mail: isrsm@isrsm.gov.mk
Јуриј Гагарин 15, кат 3, 1000 Скопје
Главно мени

БИЛАТЕРАЛНА СОРАБОТКА НА ИСРСМ ВО КИЕВ-УКРАИНА

Директорот на Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија, м-р Џеват Кицара, заедно со Советникот воедно и член на Советот на ИСРСМ, г-дин Вилијам Христовски, на особено голема чест и задоволство во официјална работна посета на покана на Украинскиот центар за научно истражување и обука за стандардизација, сертификација и проблеми со квалитет како водечка организација за стандардизација во Украина, препознаена на национално, меѓународно и европско ниво, предводена од Генералниот Директор, г-дин Олег Швидкии Анатолијович, г-ѓа Анна Мартиненко од Одделот за меѓународна соработка и останати претставници во уважено присуство на Неговата екселенција, Амбасадор на Република Северна Македонија во Украина, г-дин Крум Ефремов. Составен дел на Украинскиот центар се Институтот за стандардизација, Оддел за оцена на сообразност, Институт за обука на национално тело за стандарди и Национален фонд за нормативни документи.

На првиот ден од оваа работна средба беше нагласена досегашната трговска и економска соработка која двете држави ја остваруваат, зголемувањето на можноста за извоз и инвестиции на нашите компании пред заинтересираните украински компании, и воедно потенцијалите за соработка помеѓу самите членки и на ниво на Институти како национални тела за стандардизација, кои воедно ги претставуваат своите интереси пред мегународните и европски организации за стандардизација, разменија искуства за досегашната работа за која презентација изврши Директорот на ИСРСМ, м-р Џеват Кицара, како и за тековните активности во однос на спроведување на потребните административни и институционални реформи, а со цел остварување на стратешките цели за европски аспирации. Денешната работна средба е можност за натамошна продлабочена соработка и како Институт изразуваме голема благодарност до Украинскиот центар за топлиот и срдечен пречек.