Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
Тел: +389 02 3247 150, +389 02 3247 159, +389 75 444 627,+389 70 233 086
E-mail: isrsm@isrsm.gov.mk
Јуриј Гагарин 15, кат 3, 1000 Скопје
Главно мени

Технички одбори (BT) на CEN и CENELEC

Едно од корпоративните тела кои го поддржуваат исполнувањето на делокругот на работа на европските организации за стандардизација CEN и CENELEC се нивните Технички одбори (BT).

Техничките обдори на CEN и CENELEC (BT) се одговорни за контрола на програмата за стандарди и промовирање на нејзиното брзо извршување од страна на CEN-CENELEC менаџмент центарот (CCMC), Техничките комитети (TCs) и други тела. BT се состои од претседател и/или потпретседател(и) и еден член/постојан делегат од секое национално тело-членка на CEN/CENELEC, кои ги воспоставуваат потребните контакти на национално ниво за да можат ефективно да ја претставуваат членката.

Со состаноците на BT претседаваат претседателот или потпретседателот. Секретаријатот на BT го држи CCMC.

Функциите на BT, кои може да се извршуваат или на состанок или преку кореспонденција, вклучуваат меѓу другото:

BT може да делегира некои од своите функции на соодветни работни групи или технички тела, под негова целосна надлежност и надзор.

Претставниците на Европската комисија и Секретаријатот на ЕФТА, други организации кои подлежат на договори, се поканети да присуствуваат на состаноците на BT како набљудувачи. Во посебни случаи, претседателот може да покани и експерти да учествуваат во дискусиите за BT.

Национални претставници од ИСРСМ во CEN/CENELEC/BT се:

Следствено, сите ваши прашања поврзани со активностите на CEN/CENELEC/BT можете да ги упатите до нашите национални претставници.