Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
Тел: +389 02 3247 150, +389 02 3247 159, +389 75 444 627,+389 70 233 086
E-mail: isrsm@isrsm.gov.mk
Јуриј Гагарин 15, кат 3, 1000 Скопје
Главно мени

ПУБЛИКУВАНИ НАЦИОНАЛНИ ИЗВОРНИ МАКЕДОНСКИ СТАНДАРДИ

Почитувани, 

Би сакале да Ве известиме дека согласно член 26 од Правилникот за изработка и усвојување на македонски стандарди и стандардизациски документи – трето издание бр.02-1229/11 од 30.12.2019 година, за да се обезбеди усогласеност со научниот и техничкиот степен на развој на техниката во определено подрачје на кое се однесуваат македонските стандарди истите мора периодично да бидат преиспитувани (фаза 90.20).

Техничкиот комитет ИСРСМ ТК 32 – Електроенергетика и електроенергетски постројки во чиј делокруг на работа припаѓаат македонските стандарди МКС Н.Б4.801:2000, МКС Н.Б4.803:2000, МКС Н.Б4.804:2000 и МКС Н.Б4.810:2000 направи преиспитување на истите.

Преиспитувањето на стандардите е извршено само со промена на ознаката, која е во согласност со новиот систем и класификација на означување на македонските стандарди, додека содржината на текстот е идентична на претходната верзија.

За таа цел Ве информираме дека целата постапка за преиспитување на македонските стандарди е завршена, односно истите се публикувани во септември 2022 година со нивните нови ознаки, а претходните со нивните стари ознаки се повлечени.

Новите ознаки на стандардите кои се во согласност со новиот систем и класификација на означување на македонските стандарди се следниве:

prMKC 1023:2022

Заштита на објекти од атмосферски празнења - Општи услови

Protection of structures against lighting - General principles

prMKC 1024:2022

Заштита на објекти од атмосферски празнења просечен годишен број денови грмотевици

Protection of structures against lighting-Average number of thunderstorm days per year

prMKC 1025:2022

Заштита на објекти од атмосферски празнења - Толерирана зачестеност на атмосферските празнења

Protection of structures against lighting - Tolerable lightning frequency

prMKC 1026:2022

Заштита на објекти од атмосферски празнења - Фаќач со уред за рано стартување

Protection of structures against lightning - Early streamer emission air terminals.

За подетални информации може да се обратите до:

Катерина Јовановска

jovanovska.katerina@isrsm.gov.mk

02 3247 154