Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
Тел: +389 02 3247 150, +389 02 3247 159, +389 75 444 627,+389 76 448 791
E-mail: isrsm@isrsm.gov.mk
Јуриј Гагарин 15, кат 3, 1000 Скопје
Главно мени

CEN објави нов стандард за аеродромски и авијацииски безбедносни служби

CEN објави нов стандард за аеродромски и авијацииски безбедносни служби - EN 16082. Овој стандард се публикува во време кога многу луѓе летаат или се враќаат од нивната дестинација за одмор, Всушност, "Многумина од нас го започнаа одморот со одење низ службите на аеродромското обезбедување. Безбедност, особено во цивилната авијација, стана се повеќе и повеќе важна во последната деценија. Приватните безбедносни компании се повеќе се вклучени во обезбедување на сигурноста на патниците, багажот и товарот. Стандардот EN 16082 ги специфицира критериуми за квалитет на службите за безбедност во цивилното воздухопловство и барања кои треба да ги исполнат приватните безбедносни компании во однос на нивната организација и работење (осигурувања, континуитет во оперативното управување ...), управување со персоналот (вработување и обука) и управување со договорите .