Секоја заинтересирана страна може да биде член на ИСРСМ.
Согласно член 18 од Законот за стандардизација, сите заинтересирани правни лица може да поднесат пријава за членство во ИСРСМ заради остварување на нивните интереси во врска со македонската национална стандардизација.
Секое правно лице со седиште и физичко лице со живеалиште во Република Северна Македонија може да стане член на Институтот. Статус на член на Институтот се стекнува со доставување на пополнета пријава за членство во Институтот и доказ за платена членарина. Писмената пријава, вклучува изјава за прифаќање на принципите и правилата на Институтот и номинација на нивниот овластен претставник. Во случај на разрешување на нивниот овластен претставник, правното лице ќе именува друг претставник.
Пристапницата за членство во ИСРСМ се доставува во писмена форма до ИСРСМ.
Со цел на остварување на што поуспешна врска помеѓу стандардизацијата и економијата, од особен значај и интерес е и вклучувањето на македонските претпријатија и другите економски субјекти во работата на ИСРСМ Техничките комитети. Бидејќи основниот принцип е: „Учествувај и биди информиран“
Секоја заинтересирана страна може да учествува во работата на ИСРСМ Техничките комитети преку пополнување на Пријава за членство во ИСРСМ ТК и нејзина достава во писмена форма до просториите на ИСРСМ. Освен пријава за членство во ИСРСМ ТК потребно е да се пополни и CV кое е достапно во прилог на овој документ подоле во текстот.