Активен
Комитет
Маја Целеска
м-р Виолета Шареска-Ѓаковска
shareska.violeta@isrsm.gov.mk
Делокругот на работа на ИСРМ ТК 27 опфаќа:
- Стандардизација на садови за транспорт и складирање на гас, спојни елементи и карактеристики поврзани со нивното производство и употреба;
- Стандардизација на материјалите, опремата и придружните структури што се користат при дупчење, производство, транспорт со цевковод и преработка на течен и гасовит јагленоводород во нафтената индустрија, петрохемиската индустрија и индустријата на природен гас;
- Стандардизација во однос на секој аспект од областа на проектирање на гасните турбини, нивната употреба, вградувањето, работата и оддржувањето, вклучувајќи турбини со едноставен циклус на работа, системи со комбинирани циклуси, дефиниции, обезбедување, одобрување, перформанси, опкружување (на самата гасна турбина и надворешното опкружување) и методите за испитување;
- Стандардизација на терминологија, барања за квалитет, методи на мерење, земање примероци анализи и тестови на природниот гас и неговата замена (гасни горива), сите аспекти од производство до неговата достава до сите можни крајни корисници преку националните граници;
- Стандаризација на материјали за запечатување и подмачкување за гасни апликации и гасна опрема; достава на гас; регулатори на гасен притисок; неиндустриски рачно управувани вентили за затворање; гасометри; мерачи за проток на гас, инсталации и опрема за ТПГ (LNG); опрема за течен нафтен гас и помошна опрема; достава на гас на возила на природен гас (NGV);
- Стандардизација на цевки, спојни елементи, вентили и помошна опрема наменети за транспорт на флуиди, изработени од секаков вид пластични материјали, вклучувајќи секаков вид армирана пластика. Исто така, вклучени се и метални спојни елементи што се користат заедно со пластични цевки. Оваа стандардизација вклучува – цевки, прирабници, спојни елементи, вентили и помошна опрема – димензии и нивна толеранција; барања за хемиски, механички и физички карактеристики и соодветни методи за испитување; барања и методи за испитување за други карактеристики, значајни за посебни примени, опсег на температура и притисок.
Нови проекти
Публикации
Седници
Членки
Еден ИСРСМ ТК во својот делокруг на работа може да има еден или повеќе меѓународни (ISO, IEC) или европски (CEN, CENELEC) огледални (mirror) комитети. Кога ИСРСМ ТК ја следи работата на меѓународните (ISO, IEC) огледални ТК, начинот на учество во развојот на меѓународниот проект (стандард), зависи од статусот на соодветниот ИСРСМ ТК во соодветното меѓународно тело (меѓународен ТК) во кој се развива проектот [Членство со активно учество (Participating P - member) или во својство на набљудувач (Observer O - member)]. Кога соодветниот ИСРСМ ТК учествува во развојот на меѓународниот проект како “P – member“, тогаш истиот има обврска и мора активно да го следи развојот на меѓународниот проект преку утврдена и усогласена национална позиција/став во сите фазите на гласање. Во продолжение за овој ИСРСМ ТК е дадена листата на огледални комитети