надземни електроенергетски водови со номинален напон над 1 kV a.c. (1,5 kV d.c.);
опрема за мерење на електрична енергија и опрема за управување на електричен товар;
енергетски трансформатори;
високонапонски разводни постројки и уреди за управување;
енергетска електроника;
проводни изолатори за употреба во електрични апарати, трансформатори и инсталации;
електронска, електромагнетна и капацитивна опрема наменета за подесување на напон и струја за напојувачки инструменти и заштитни уреди;
електрични инсталации и заштита од електричен удар;
системи и компоненти за фотогалванско претворање на сончева енергија во електрична енергија;
системи со ветерни турбини;
електрични релиња;
ВН енергетски инсталации кои надминуваат 1 kV a.c. (1,5 kV d.c.);
квалификација на електрични договарачи кои вршат електрични инсталации;
спецификации на сите типови на осигурувачи;
изолатори за ВН системи;
спецификација на пренапонски одводници и други заштитни уреди од удар;
спецификации за мерни трансформатори;
тетсирачки методи за степен на заштита обезбеден со куќиште;
стандардизирани процедури за пресметките на струи на краток спој и нивните топлински и механички ефекти;
громобранска заштита;
мерни релеи и заштитна опрема;
електромагнетна компатибилност;
електрични изолациони системи;
општи правила за систем инженеринг и градба на електро¬енергетски инсталации со номинален напон над 1 kV a.c. и 1,5 kV d.c.
Факти и бројки
196
Нови проекти
1084
Публикации
0
Седници
0
Членки
Врска со огледални (mirror) комитети
Еден ИСРСМ ТК во својот делокруг на работа може да има еден или повеќе меѓународни (ISO, IEC) или европски (CEN, CENELEC) огледални (mirror) комитети. Кога ИСРСМ ТК ја следи работата на меѓународните (ISO, IEC) огледални ТК, начинот на учество во развојот на меѓународниот проект (стандард), зависи од статусот на соодветниот ИСРСМ ТК во соодветното меѓународно тело (меѓународен ТК) во кој се развива проектот [Членство со активно учество (Participating P - member) или во својство на набљудувач (Observer O - member)]. Кога соодветниот ИСРСМ ТК учествува во развојот на меѓународниот проект како “P – member“, тогаш истиот има обврска и мора активно да го следи развојот на меѓународниот проект преку утврдена и усогласена национална позиција/став во сите фазите на гласање. Во продолжение за овој ИСРСМ ТК е дадена листата на огледални комитети