Збирната листа дадена во продолжение претсавува збир од референци на македонски стандарди кои се генерирани од страна на ИСРСМ базата на податоци, согласно листата на ЕУ Директиви и Регулативи од Новиот приод. Листите на македонски стандарди се стандардизациски обработени и истите единствено се наменети за објава во публикациите и интернет страната на ИСРСМ. Иако листата се ажурира редовно, таа може да биде нецелосна и истата нема правна важност. Само референците објавени во Службен весник на Република Северна Македонија даваат правно дејство.