Во рамките на поканата на генералниот директор на Институтот за стандардизација и метрологија на Малта ing. Francis Farrugia и ing. Halga Pizzuto претседател на MCCAA, делегацијата на ИСРСМ заедно со директорот м-р Џеват Кицара присуствуваа на потпишувањето меморандум за разбирање помеѓу двете институции.
На потпишувањето меморандум за соработка присуствуваше и министерка за Управа за конкуренција и потрошувачки прашања на Малта (MCCAA) Hon. Julia Farrugia Portelli која ја истакна важноста на потпишувањето на овој меморандум како чекор во подобрувањето на квалитетот на животот преку стандардизација..
Со Меморандумот за разбирање е истакната желба за соработка и поддршка на двете институции, размена на знаења и активности на вработените и експертите во областа на стандардизацијата, подигање свеста преку презентирање и информирање во сите сегменти на стандардизацијата, подобрување севкупен квалитет на живеење, квалитетна животна средина,обновливи извори на енергија, воздухот, храната, производи и услугите за потрошувачите и конзумерите, здравјето и безбедноста и друго