Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
Тел: +389 02 3247 150, +389 02 3247 159, +389 75 444 627,+389 76 448 791
E-mail: isrsm@isrsm.gov.mk
Јуриј Гагарин 15, кат 3, 1000 Скопје
Главно мени

Слободен пристап до информации од јавен карактер

Во согласност со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, обезбедена е јавност и отвореност во работењето на имателите на информации и се овозможува на физичките и правните лица да го остваруваат правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.

Основни поими:

„Иматели на информации“ се органите на државната власт и други установи и институции утврдени со закон, органите на општините, на градот Скопје и на општините во градот Скопје, јавните установи и служби, јавните претпријатија и правни и физички лица кои вршат јавни овластувања и дејности од јавен интерес утврдени со закон.

„Информација од јавен карактер“ е информација во која било форма која ја создал и со која располага имателот на информацијата, односно со неа располага само имателот на информацијата, согласно со неговите надлежности.

„Барател на информација“ е секое правно и физичко лице без дискриминација по која било основа, на начин и под услови утврдени со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Исклучок од слободен пристап до информации:

Имателите на информации можат да одбијат барање за пристап до информација во согласност со закон ако информацијата се однесува на:

информација која врз основа на закон претставува класифицирана информација со соодветен степен на тајност;

личен податок чие откривање би значело повреда на заштитата на личните податоци;

информација за архивското работење која е утврдена како доверлива;

информација чие давање би значело повреда на доверливоста на даночната постапка;

информација стекната или составена за истрага, кривична или прекршочна постапка за спроведување на управна и на граѓанска постапка, а чие давање би имало штетни последици за текот на постапката;

информација, што се однесува на комерцијални и други економски интереси, вклучувајќи ги и интересите на монетарната и фискалната политика и чие давање ќе има штетни последици во остварувањето на функцијата;

информација од документ што е во постапка на подготвување и сè уште е предмет на усогласување кај имателот на информации, чие откривање би предизвикало погрешно разбирање на содржината;

информација за заштита на животната средина која не е достапна до јавноста заради заштита на здравјето на луѓето и животната средина и

информација која ги загрозува правата од индустриска или интелектуална сопственост (патент, модел, мостра, стоковен и услужен жиг, ознака на потеклото на производот).

Службено лице за посредување со информации:

Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер за службени лица за посредување со информации ги определи:

Маја Дојчиновска Колиќ, на e-mail: \kolic.maja@isrsm.gov.mk, тел. 3247 150

Весна Поповска, на e-mail: \popovska.vesna@isrsm.gov.mk, тел. 3247 150

Граѓаните на Република Северна Македонија можат да добијат информација од јавен карактер што ја изготвила или со која располага Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија - Барање за пристап до информации од јавен карактер, кое може да го добијат во архивата на ИСРСМ или да го симнат тука.

Барањето за информација може да се достави во писмена форма на адресата на Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија – Јуриј Гагарин бр.15 кат 3, или на електронската пошта на горенаведените именувани службени лица.