Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
Тел: +389 3247 150, +389 3247 159, +389 75 444 627,+389 70 233 086
E-mail: isrsm@isrsm.gov.mk
Јуриј Гагарин 15, кат 3, 1000 Скопје
Главно мени

ГЕНЕРАЛНО СОБРАНИЕ НА CEN И CENELEC

21-23 јуни 2022-Прага.

Чешката канцеларија за стандарди, метрологија и тестирање и чешката агенција за стандардизација (UNMZ) се домаќини на овогодинешното CEN и CENELEC генерално собрание.

Стандардизацијата во изминативе две години е во фокусот на сите случувања кои се одвиваат во Европа и има значајна улога во справување со сите предизвици со кои се соочуваме, тргнувајќи од дигиталната транзиција па се до борбата против климатските промени.

Генералните собранија на CEN и CENELEC се повод за дискусија за клучните стратешки, политички и технички прашања поврзани со европската стандардизација и идните насоки за имплементација на заедничката Стратегија 2030.

Делегацијата на ИСРСМ ја искористи можноста да разговараат со Генералниот Директор на CEN и CENELEC, Elena Santiago Cid, како и со Претседателите на CEN и CENELEC Stefanio Calzolari и Wolfgang Niedziella, каде ја истакна својата загриженост околу најавеното спојување на инстутициите при што ИСРСМ би ја изгубил улогата на полноправна членка на CEN и CENELEC за која нашиот Институт помина макотрпен и долг пат. Во таа насока Генералниот Директор на CEN и CENELEC г-ѓа Elena Santiago Cid укажа дека Европската стандардизација ќе завземе став и поддршка на ИСРСМ во врска со најавеното спојување со други институции во нашата земја.

Директорот на ИСРСМ Џеват Кицара искористи прилика за проширување билетарална соработка со други институти за Стандардизација кои се полноправни членки на CEN и CENELEC или се во процедура да станат полноправни членки.