Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија (ИСРСМ) како национално тело за стандардизација ги претставува националните интереси во меѓународните, европските и регионалните организации за стандардизација, ги промовира активностите за стандардизација и пеку доближување на приватните и јавните засегнати страни, развива и усвојува доброволни национални стандарди.
ИСРСМ беше создаден како независна јавна институција во март 2003 година, по Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за основање на Институт за стандардизација („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр14/2003) во согласност со Законот за стандардизација („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр 54/2002).
Во март 2003 година, во согласност со Законот за стандардизација и Одлуката на Владата, ИСРСМ беше основан како независен субјект, вон рамките на Бирото за стандардизација и метрологија. Истата година се изврши префрлање на членството во ISO (Меѓународна организација за стандардизација- International Organisation for Standardisation) од Бирото за стандардизација и метрологија во ИСРСМ.
Подоцна во 2003 година ИСРСМ стана придружен член на CEN ( Европски комитет за стандардизација- European Committee for Standardization). Во 2005 година ИСРСМ беше прифатен како асоцијативен член во IEC (Меѓународна електротехничка комисија- International Electro-technical Commission), а во март 2005 година како придружен член во CENELEC (Европски комитет за електротехничка стандардизација).
ETSI (Европски институт за телекомуникациски стандарди-European Telecommunications Standards Institute) го призна ИСРСМ како национално тело за стандардизација во декември 2006 година.
ИСРСМ има потпишано трговски договори ISO, IEC, CEN, CENELEC и ETSI.
Собранието на ИСРСМ се основаше на 17-ти декември 2003 година, а денеска истото се состоеше 40 членови- засегнати страни за стандардизацијата: индустриски компании, здруженија на потрошувачи, граѓански здруженија, образовни и научни институции, лаборатории, инспекциски тела како и седум (7) претставници од страна на основачот- Владата на Република Северна Македонија. Бројот на членови на ИСРСМ е во постојан пораст. Од декември 2005 година ИСРСМ започна со издавање на Огласникот за објавување на стандарди и други стандардизациски документи. Огласникот за објавување на стандарди содржи неколку поглавја во кои се опфатени листи на усвоени македонски стандарди, предлози за усвојување на меѓународни, европски и други национални стандарди, повлечени стандарди, предлог- стандарди, поправки на македонски стандарди и ценовник на македонски стандарди.Сите изданија на огласникот за објавување стандарди се објавени на веб- страницата на ИСРСМ уште од август 2006 година. На крајот на 2009 година ИСРСМ создаде каталог на сите усвоени македонски стандарди и стандардизациски документи во периодот од декември 2005 година до ноември 2009 година. Веб- сраницата на ИСРСМ беше поставена во август 2006 година на македонски јазик и ја има следнава веб- адреса: www.isrsm.gov.mk, а од мај 2018 година се користи новата значително подобрена верзија.
Во 2006 година се објави оглас за нови празни места и се вработија 7 нови вработени. Во 2009 година капацитетот на персоналот на ИСРСМ се зајакна со уште 5 нови вработени, а во 2010 со уште двајца нови вработени. Четворица вработени веќе не се дел од ИСРСМ поради одење во пензија и напуштање на работното место. Во 2020 година на работа се примени уште двајца нови вработени и еден вработен е донесен со превземање.
Моментално целосниот број на постојаниот кадар во ИСРСМ изнесува 25, број заедно со Директорот на ИСРСМ, а се планира уште едно вработување во најбрз можен рок.
Вработените учествуваа во неколку семинари, обуки и работилници кои се поврзани со внатрешните регулативи и практики на европската и меѓународната стандардизација, постапки за подготовка и усвојување на европски и меѓународни стандарди вклучително и обуки во врска со правото, финансиските операции, странските јазици и заштита на правата на интелектуалната сопственост.
Од 2004 година до 2020 година ИСРСМ постојано ги подготвува и подобрува внатрешните акти:
- Статутот на ИСРСМ
- Водач за техничкото уредување на стандардите и другите документи и др.
Со почеток во јуни 2010 година преку проектот на IPA со експертската поддршка на AFNOR (Француска асоцијација за нормизација -Association Française de Normalisation) и HZN (Хрватски завод за нормизација- Hrvatski Zavod Normizacije) ИСРСМ работи на преглед на сите оние внатрешни акти со цел д добие полноправно членство во Европските организации за стандардизација: CEN (European Committee for Standardization) и CENELEC (European Committee for Electro technical Standardization).
Стандардизациската инфраструктура во Бирото за стандардизација и метрологија (комисии) беше реконструирана и повторно започна со работа како технички комитети на ИСРСМ. Преку директен контакт со засегнатите страни во врска со стандардизацијата и како резултат од зголеменото барање за европски стандарди од страна на бизнис заедницата, се примија иницијативите за воспоставување на ТК на ИСРСМ во различни области и се основаше техничката инфраструктура. Во март 2011 година бројот на воспоставени и целосно оперативни ТК на ИСРСМ достигна 36. Техничките комитети на ИСРСМ имаат идентичен опсег на работа со соодветните Технички комитети во европските и меѓународните заедници како и меѓународните организации за стандардизација.
Институционалоните промени во рамките на ИСРСМ влијаеја врз брзината на усвојување на европските и меѓународните стандарди како македонски. До март 2011 година целосниот број на усвоени меѓународни и европски стандарди и други стандардизациски документи како македонски, изнесуваше 19464. Во 2009 година со главна цел да се олесни процесот на усвојување на европски стандарди (EN), во согласност со Статутот и Прирачникот на Техничките одбори, ИСРСМ воспостави 2 Технички одбора (technical board -ТB). Еден Технички Одбор е одговорен за општата стандардизација, а вториот Технички Одбор работи во полето на електротехнологијата, информатичката технологија и телекомуникациите. Техничките Одбори на ИСРСМ се справуваат со стандарди во областите каде што техничката инфраструктура на ИСРСМ сеуште не е целосно воспоставена.
Договорите за билатерална соработка се потпишани со турската институција за стандардизација која спаѓа под Владата на Република Турција (јуни 2006 година), Генералниот Директорат за стандардизација на Република Албанија, Институтот за стандардизација на Босна и Херцеговина , бугарскиот Институт за стандардизација, Институтот за стандардизација на Црна Гора (јуни 2009 година) ,а Договорот за набавување на национални стандарди преку преземање од интернет беше склучен со германското Тело за стандардизација (DIN) кој е потпишан и во 2020 година.
Претставниците на ИСРСМ учествуваат во работата на работните групи кои се формирани од страна на Владата на Република Македонија, во однос на подготовката на Националната програма за усвојување на Acquis- то на ЕУ, како и преземање на Директивите на Новиот пристап во националното законодавство.
Република Северна Македонија, како член на Светската Трговска Организација (СТО), воспостави споредбен систем. Од септември 2004 година точката за контакт на TBT (Технички Бариери во Трговијата- Technical Barrier to Trade) е целосно функционална во рамките на Институтот за стандардизација на Република Македонија.
Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија (ИСРСМ) како национално тело за стандардизација го претставува националниот интерес во меѓународните, европските и регионалните организации за стандардизација, ги промовира стандардизациските активности и преку зближување на јавните и приватните засегнати страни развива усвојува доброволни национални стандарди.
ИСРСМ од 2018 година па навака почна да одржува обуки за стандарди за кои има голема заинтересираност од страна на заинтересираните страни и на обуките има голема посетеност при што ИСРСМ знапително ја зголеми своите приходи.
Преку промоциите, прес конференциите, средбите, работилниците, обуките и другите настани на кои учествуваше директорот на ИСРСМ се придонесе кон зголемување на јавната свест за бенефитот од примената на стандардите. Треба да се истакне дека продажбата на стандардите во 2020 година е зголемена за 40% споредено со претходната 2017 год.
Од средбите и промовирањето на стандардизациските активности зголемено е и членството на заинтересираните страни во ИСРСМ, па оттука членството во ИСРСМ е зголемено од 95 на 150 членки на ИСРСМ
ИСРСМ е национално тело за стандардизација кое е воспоставено со Законот за стандардизација на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 14/2003) и е одговорен за развивањето и усвојувањето на стандарди во согласност со целите и принципите на македонската национална стандардизација. За потребите на земјата во полето на стандардизацијата, Институтот ги извршува следниве задачи и се соочува со следниве предизвици:
Институтот на Република Македонија (ИСРСМ) е јавна институција која има улога на национално тело за стандардизација во Република Македонија.
Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија (ИСРСМ) е единствено национално тело за стандардизација кое ги претставува националните интереси во меѓународните, европските и регионалните организации за стандардизација, ги промовира стандардизациските активности и преку здружување на јавните и приватните заинтересирани страни, ИСРСМ подготвува и усвојува доброволни национални стандарди.
ИСРСМ е полноправна членка во европските тела за стандардизација CEN/CENELEC од јули 2012 година и континуирано ги исполнува сите услови и обврски кои произлегуваат од нејзиното членство.
Советот на Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија е орган кој управува со работата на Институтот.
Советот на ИСРСМ ги врши следниве работи и задачи: ја дефинира политиката за стандардизација и сертификација на Институтот и врши надзор на неговата работа; донесува општи акти на Институтот и го следи нивното извршување; го усвојува Деловникот за работа на Советот; ја усвојува Годишната програма за работа на Институтот; го усвојува полугодишниот и годишниот извештај за работа на Институтот; го надгледува спроведувањето на годишната програма за работа и други планирани активности на Институтот; го усвојува годишниот финансиски план во согласност со основачот; го усвојува годишниот финансиски извештај; ги формира и распушта техничките тела; ја предлага висината на членарините и начинот на плаќање; го усвојува актот со кој се утврдуваат цените на стандардите, публикациите и други услуги; усвојува други акти и одлуки во врска со работата на Институтот во согласност со Статутот и другите општи акти, ја креира политиката за билатерална, регионална и меѓународна соработка; предлага седница на Собранието во согласност со Деловникот за работа на Собранието; го избира и разрешува директорот на Институтот; предлага одлуки на Собранието за усвојување или прифаќање во согласност со Статутот и други општи акти на Институтот; најмалку еднаш годишно поднесува извештај за своето работење до основачот и врши и други работи во согласност со Законот и Статутот на Институтот.
Советот го сочинуваат девет члена кои ги именува и разрешува Собранието на ИСРСМ за период од четири години, со можност за повторно именување. Членството во Советот обезбедува подеднаква застапеност на сите заинтересирани страни.