IEC објави мапа за стандарди за безбедност и перформанси на апаратите за домаќинство.
Новата мапа дава преглед на стандардите за безбедност и перформанси развиени од IEC кои се однесуваат за одреден тип на електричен апарат. Апаратите се поделени во две категории - домаќинство и комерцијални - врз основа на нивната употреба и врз основа на тип на функција (т.е. греење и ладење, чистење итн.)
Наведен е список на стандарди за типови производи, вклучувајќи линкови до стандардите.
Оваа платформата на IEC обезбедува визуелен преглед на стандардите и илустративно прикажува какви стандарди постојат и како тие можат да се користат заедно .
Истакнати се работни групи, поткомитети и комитети како и областите каде што се потребни дополнителни активности за стандардизација.
Платформата на IEC е достапна и ги вклучува сите технички и советодавни тела на IEC. Техничките експерти можат да ја користат за подобро визуелизирање на нивните активности, додека корисниците на стандарди можат подобро да разберат кои стандарди се достапни и нивниот однос меѓу себе.