Реализација на in-house обуки
Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија (ИСРСМ) организира in-house обуки за стандарди дизајнирани
за вашите потреби
Обуките ги изведуваме во вашата компанија со методи прилагодени согласно вашите потреби и можности и според
потребите на вашето секојдневно работење.
Кои се предностите на in-house обуката?
Заштеда на трошоци за обука - цената по учесник обично е помала кога ќе се спореди со испраќање на ист број учесници на јавни курсеви за обука
Заштеда на патни трошоци - нема потреба вработените да патуваат подалеку од нивните канцаларии и да прават дополнителни трошоци
Прилагодена обука - обучување на група заедно овозможува целокупната обука и учење да бидат фокусирани на компанијата и дискутираат за реални и актуелни проблеми
Погодност - се вклопуваат во работниот распоред на вработените и на местото каде што доаќаат секојдневно.
Градење тим - соба полна со учесници од различни одделенија на иста компанија може да поттикне поголема тимска работа, свест и разбирање на улогата на другите.