Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
Тел: +389 3247 150, +389 3247 159, +389 75 444 627,+389 70 233 086
E-mail: isrsm@isrsm.gov.mk
Јуриј Гагарин 15, кат 3, 1000 Скопје
Главно мени

Информација за правата на субјектот на личните податоци

Законот за заштита на личните податоци (Службен Весник на Република Северна Македонија бр. 42/2020) му дава право на граѓанинот да знае кои лични податоци контролорите ги собираат, обработуваат и чуваат за него и дали тие работат законито. Заштитата за личните податоци во Република Северна Македонија се остварува на два начина:

1. Од една страна оној кој обработува лични податоци мора да се придржува кон принципите за заштита на личните податоци, со кои се гарантира дека истите се:

2. Од друга страна граѓанинот има право:

Доколку Ви е одбиено барањето да извршите увид во збирката со лични податоци односно Ви е оневозможено правото на пристап, исправка или бришење на личните податоци, имате право да поднесете барање за утврдување на повреда на правото на заштита на личните податоци до Агенцијата за заштита на личните податоци.

НАПОМЕНА: Правата на субјектот на лични податоци се пропишани во согласност со одредбите на член 16, 17 и 18 од Законот за заштита на личните податоци (Службен Весник на Република Северна Македонија бр. 42/2020) и одредбите од Правилникот за безбедност на обработката на личните податоци (Службен весник на Република Северна Македонија, бр. 122/20). Имено, согласно чл.16 ст. (1), во врска со ст. (3) - Информациите треба да бидат дадени во писмена форма или со други средства, вклучувајќи каде што е применливо по електронски пат. По барање на субјектот на личните податоци, информациите може да се дадат усно, под услов идентитетот на субјектот на личните податоци да е докажан со други средства; и воедно, кога субјектот на лични податоци поднесува барање во електронска форма, информациите се даваат со користење на електронски средства каде што е можно, освен ако субјектот на личните податоци побара поинаку.