Меѓународна и билатерална соработка
Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија-ИСРСМ во текот на своето работење ги има остварено следните соработки:
Членство во меѓународни и европски организации за стандардизација:
Меѓународна организација за стандардизација –
ISO (International Organization for Standardization)
Од 1995 година, ИСРСМ е полноправна членка.
Меѓународна електротехничка комисија –
IEC (International Electrotechnical Commission)
Од 14 јануари 2005 година, ИСРСМ е асоцијативна членка.
Европски комитет за стандардизација –
CEN (European Committee for Standardization)
Од 01 јули 2012 година, ИСРСМ е полноправна членка.
Европски комитет за електротехничка стандардизација –
CENELEC (European Committee for Electrotechnical Standardization)
Од 01 јули 2012 година, ИСРСМ е полно правначленка.
Европски телекомуникационен институт за стандардизација –
ETSI (European Telecommunications Standards Institute)
Од декември 2006 година, ИСРСМ е национална организација за стандардизација.
Меѓународна соработка
- Во 2005 година, ИСРСМ потпиша три договори со IEC, и тоа: Договор за користење на IEC Публикациите во PDF формат, само за целите на усвојување на национално ниво, Договор за користење на IEC Публикациите во електронска верзија, само за целите на комерцијална продажба и дистрибуција и Договор за користење на IEC Публикациите во електронска верзија со електронски жиг, само за интерна употреба на ИСРСМ;
- Во 2020 година, потпишан е нов договор меѓу ИСРСМ и IEC, кој претставува замена и надоградба на досегашните договори од 2005 година;
- Во 2006 година, ИСРСМ потпиша Договор за продажба со ETSI.
Билатерална соработка
- Во 2006, 2021 година, потпишан е договор за билатерална соработка со Турскиот Институт за стандардизација (TSE);
- Во 2009, 2022 година потпишани се спогодби за деловно - техничка соработка со телата за стандардизација на Албанија (DPS).
- Спогодба за соработка со Бугарија (BDS),2009, 2022 година
- Спогодба за деловно техничка соработка со Институт за стандардизација на Босна и Херцеговина (ISBIH) 2009 година.
- Меморандум за соработка со Институт за стандардизација на Црна Горa (ISME) 2009, 2022 година.
- Договор за соработка со Институт за стандардизација на Србија (ИСС) 2011 година.
- Договори со Германскиот институт за стандардизација (DIN)
- Договор за продажба и онлајн продажба на DIN стандарди 2009 година
- Договор за билатерална соработка 2009 година и
- Договор за усвојување на DIN стандардите како МКС 2009 година со Германскиот Институт за стандардизација (DIN), како и меморандуми за соработка со Институтот за акредитација на Република Северна Македонија-ИАРСМ и Бирото за метрологија-БоМ;
- Во 2020 година, потпишан е договор за усвојување на национални DIN стандарди како МКС стандарди со метод на превод, препечaтување и индосирање. Овој договор претставува надоградба и континуитет во соработката помеѓу ИСРСМ и DIN, со кој на ИСРСМ му се овозможува усвојување на национални германски стандарди, достапни со превод на македонски јазик и на оригинален германски јазик;
- Меморандум за разбирање со Институтот за стадардизација на Австрија (Memorandum of Understanding with Austrian Standards Institute - ASI), 2012;
- Во 2010 година, ИСРСМ потпиша договор за соработка, а 2021 Меморандум за разбирање со Францускиот институт за стандардизација Association Française de Normalisation (AFNOR);
- Договор за соработка со Кинескиот институт за стандаризација (Cooperation Agreement with The standardization Administration of China - SAC), 2016,
- Договор за соработка со државното претпријатие „Украински центар за научно истражување и обука за стандардизација, сертификација и проблеми со квалитетот“ (SE „UkrNDNC“), 2021 година,
- Меморандум за разбирање со Управата за конкуренција и потрошувачки прашања на Малта (MCCAA), 2022 година.