Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
Тел: +389 2 3247 150, +389 2 3247 159, +389 2 3247 157, +389 75 444 627
E-mail: isrsm@isrsm.gov.mk
Јуриј Гагарин 15, кат 3, 1000 Скопје
Главно мени

ПОКАНА ЗА ОНЛАЈН ОБУКА

ПОКАНА ЗА ОНЛАЈН ОБУКА

„МКС EN ISO/IEC 17025:2018 - Општи барања на компетентност на лаборатории за тестирање и калибрација“

06 и 07 Декември 2021

Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија (ИСРСМ) организира дводневна онлајн обука за стандардот МКС EN ISO/IEC 17025:2018 - Општи барања на компетентност на лаборатории за тестирање и калибрација. На обуката детално ќе се разработи структурата на стандардот МКС EN ISO/IEC 17025:2018; ќе се идентификуваат и објаснат барањата на стандардот МКС EN ISO/IEC 17025:2018; ќе се направи споредба и преглед со претходната верзија на стандардот МКС EN ISO/IEC 17025:2007. Обуката е наменета за оние кои детално сакаат да се запознаат со барањата на стандардот МКС EN ISO/IEC 17025:2018 - Општи барања на компетентност на лаборатории за тестирање и калибрација, за раководителите за квалитет, раководители на лаборатории, претставници на лабораториите за тестирање и калибрирање, оценувачи итн.

Предавач на оваа обука ќе биде г-ѓа Јасмина Јаневскa, Координатор за акредитација на сертификациони тела од Институтот за акредитација на Република Северна Македонија. Г-ѓа Јасмина Јаневскa е водечки оценувач за процедурите за акредитација, обучувач за оценувачи за стандардот МКС EN ISO/IEC 17025:2018 како и член на Комитетот за лаборатории при Европската акредитација.

Ве покануваме да учествувате на оваа дводневна онлајн обука која ќе биде одржана на 06 и 07 Декември 2021. Ве молиме да ни го потврдите вашето учество најдоцна до 04 Декември 2021. Цената за онлајн обуката изнесува 5.000,00 денари, 20% попуст се одобрува за членките на ИСРСМ како и за повеќе учесници од иста институција. Учесниците на оваа онлајн обука ќе се стекнат со сертификати, а котизацијата за обуката вклучува материјали за обуката, примерок од стандардот како и сертификат за учество.

За сите дополнителни информации ви стоиме на располагање.

Лице за контакт:

Јасминка Муковиќ, Советник за обуки

телефон: 02 3247 157 мобилен: 075 444 627

емаил: isrsm.obuki@isrsm.gov.mk