Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
Тел: +389 2 3247 150, +389 2 3247 159, +389 2 3247 157, +389 75 444 627
E-mail: isrsm@isrsm.gov.mk
Јуриј Гагарин 15, кат 3, 1000 Скопје
Главно мени

Дали работата во ИСРСМ технички комитети се плаќа?

Работата во техничките комитети е доброволна и во нив можат да членуваат сите заинтересирани правни субјекти: од бизнис-заедницата, производители, образовни и научни институции, лаборатотрии, инспекциски тела, здруженија на потрошувачи, здруженија на граѓани и комори, државната управа и други, преку номинирање на нивни претставник.

Претставниците на членките во комитетите треба да ги застапуваат општите интереси, интересите на компаниите, организациите, потрошувачите итн.

Бидејки со членството во ИСРСМ ТК, придобивки имаат правните субјекти- заинтересираните страни, трошоците на претставниците паѓаат на терет на институцијата/организацијата што ги номинирала, односно работата во техничките комитети не се плаќа од страна на ИСРСМ.