Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
Тел: +389 3247 150, +389 3247 159, +389 75 444 627,+389 70 233 086
E-mail: isrsm@isrsm.gov.mk
Јуриј Гагарин 15, кат 3, 1000 Скопје
Главно мени

ISO 45001:2018 Март 2022 година

Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија (ИСРСМ) организира обука за стандардот МКС ISO 45001:2018 - Системи за менаџмент со здравје и безбедност при работа – Барања со упатство за употреба

Овој меѓународен стандар е подготвен врз база на OHSAS 18001:2007. Стандардот МКС ISO 45001:2018 може да се применува во сите компании од различни дејности исто така може да се интегрира и со другите системи на менаџмент. На оваа обука ќе бидат опфатени клучните измени на стандардот; промени во специфичните барања; мерење на целите за безбедност и здравје при работа и планирања за нивно постигнување; усогласување на терминологијата (анекс SL). Примената на барањата од стандардот МКС ISO 45001:2018 ќе ви озвозможи да ги подобрите процесите на планирање и воспоставување на политиката за безбедност и здравје при работа во исто време да бидете во сограсност со важечките барања во законите и законските акти за безбедност и здравје при работа. 

Обуката ќе ја води дипломиран хемиски инженер Сузана Темелковска, управител на Еуромак-Контрол, компанија која врши техничко испитување, контрола на квалитет и квантитет како и консалтинг и обука. Сузана Темелковска е претседател на техничкиот комитет ИСРСМ ТК 9 - Менаџмент со квалитет, животна средина и ризици и врвен експерт во областа безбедност и здравје при работа, како и надворешен водечки IRCA аудитор за повеќе стандарди. 

Ве покануваме да учествувате на оваа дводневна онлајн обука која ќе биде одржана на 29 и 30 Март 2022. Ве молиме да ни го потврдите вашето учество најдоцна до 25.03.2022. Цената за онлајн обуката изнесува 5.000,00 денари, 20% попуст се одобрува за членките на ИСРСМ како и за повеќе учесници од иста институција. Учесниците на оваа онлајн обука ќе се стекнат со сертификати за учество, а котизацијата за обуката вклучува материјали за обуката како и примерок од стандардот. Пријавата за учество можете да ја испратите на емаил: isrsm.obuki@isrsm.gov.mk

За сите дополнителни информации ви стоиме на располагање. 

Лице за контакт:

Јасминка Муковиќ, советник за обуки

телефон: 02 3247 157, мобилен: 075 444 627

емаил: isrsm.obuki@isrsm.gov.mk