
ПОКАНА ЗА ОБУКА
„Системи за управување со безбедност на информации – МКС EN ISO/IEC 27001:2017“
17.12.2019 во 9 часот
Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија (ИСРСМ) организира обука за стандардот МКС EN ISO/IEC 27001:2017 - Системи за управување со безбедност на информации. На оваа обука ќе бидат разработени различните компоненти на процесот за менаџмент со безбедност на информации (ISМS) низ примери од праксата. Посебен акцент ќе се стави на основните поими како и основните барања за процена на ризикот за безбедноста на информациите, законодавството во областа на безбедноста на информациите како и заштита на личните податоци. Обуката ќе опфати повеќе аспекти како што се приказ на проблемите кои можете да ги имате во областа на безбедност со информации и кои треба да се решат, детални појаснувања на барањата на стандардот ISO/IEC 27001, оценка на ризикот, основи за менаџмент со ризик, препораки за добар систем за управување со безбедност на информации, сертификација според системот ISO/IEC 27001.
Предавач на оваа обука ќе биде г-дин Горан Чамуровски, MBA, CISA, CRISC, PMP, CIPP/E, ISMS LA, управител на Интегра Солушн Скопје и консултант со 20 годишно меѓународно искуство во областа. Г-дин Чамуровски е сертифициран оценувач за инормациски системи, сертифициран за ризици и контрола на информациски системи, исто така е и водечки оценувач за ISO 27001.
Ве покануваме да учествувате на обуката која ќе биде одржана на 17 Декември 2019. Заради голема заинтересираност и организирање на соодветен простор за обуката ве молиме да ни го потврдите вашето учество најдоцна до 14 Декември 2019. Цената за обуката изнесува 6.000,00 денари, а за членки на ИСРСМ се одобрува 20% попуст како и за повеќе учесници од иста институција. Учесниците на оваа обука ќе се стекнат со сертификати, а котизацијата за обуката вклучува материјали за обуката, примерок од стандардот, сертификат за учество, кафе паузи, освежување и оброк.
За дополнителни информации ви стоиме на располагање.
Лице за контакт: д-р Ружица Јовановиќ-Малиновска
раководител на одделение за соработка со клиенти
телефон: 02 3247 157 мобилен: 076 448 791
емаил: malinovska.ruzica@isrsm.gov.mk