Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија (ИСРСМ) организира обука за стандардот ISO 27001 - Информациска технологија -- Безбедносни техники – Системи за управување со безбедност на информации – Барања. Обуката ќе опфати повеќе аспекти како што се приказ на проблемите кои можете да ги имате во областа на безбедност со информации и кои треба да се решат, детални појаснувања на барањата на стандардот ISO/IEC 27001, оценка на ризикот, основи за менаџмент со ризик, препораки за добар систем за управување со безбедност на информации, сертификација според системот ISO/IEC 27001.
Обуката ќе ја води сертифициран експерт Владимир Симиќ од Euroquality group, Србија, кој има повеќе од 35 години искуство во областа на менаџмент со системи за квалитет, и кој директно со практични примери ќе ви ги претстави сите барања што се воведени во стандардот.
Ве покануваме да учествувате на обуката за стандардот ISO 27001 која ќе биде одржана на 11 Ноември 2014. Заради организирање на соодветен простор за обуката ве молиме да ни го потврдите вашето учество најдоцна до 31 Октомври 2014. Цената за обуката изнесува 9200 денари, а за повеќе учесници од иста институција како и за членки на ИСРСМ се одобрува 20% попуст. Учесниците на оваа обука ќе се стекнат со сертификати.
За сите дополнителни информации ви стоиме на располагање.
Лице за контакт: телефон: 02 3 247 168
Ружица Јовановиќ-Малиновска мобилен: 076 44 87 91
раководител на одделение за обуки email:malinovska.ruzica@isrm.gov,mk