Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
Тел: +389 02 3247 150, +389 02 3247 159, +389 75 444 627,+389 76 448 791
E-mail: isrsm@isrsm.gov.mk
Јуриј Гагарин 15, кат 3, 1000 Скопје
Главно мени

ИСРСМ преку користење на инструментот TAIEX организра работилница на тема: СТАНДAРДИ ЗА ТУТУНСКИ ПРИЗВОДИ САМОГАСЕЧКИ ЦИГАРИ И ВО МАКЕДОНИЈА

Во обид да се намали бројот на случајни пожари и смртните случаи предизвикани од невнимателно фрлени цигари кои можат да го потпалат мебелот или постелнина, CEN и ISO подготвија стандарди за самогасечки цигари, познати како LIP стандарди. Станува збор за нова технологија со која цигарите многу побрзо ќе се изгаснат откако ќе бидат фрлени на земја. Согласно ЕУ Директивата за безбедност на производите и Одлуката на Европската комисија (2011/496/EC), од Ноември, 2011, на ЕУ пазарот можат да се продаваат само цигари кои ќе бидат усогласени со новите (LIP) стандарди(EN 16156:2010 и EN ISO 12863:2010). Оваа новина, се очекува да биде имплементирана и во Македонија ИСРСМ преку користење на инструментот TAIEX организра работилница на тема: СТАНДAРДИ ЗА ТУТУНСКИ ПРИЗВОДИ На оваа работилница акцентот ќе биде ставен на новите LIP( low ignition propensity) стандaрди за цигари, законската регулатива во Македнија и Европа, планираните измени на европските директиви за безбедност на производите (Directive 2001/95/EC) и маркетинг на тутунските производи (Directive 2001/37/EC). Сите заинтересирани правни субјекти кои работат во областа на тутун и тутунски производи можат да пријават по еден учесник на работилницата. Во пријавата треба да наведете име и презиме на учесникот, назив на институцијата и контакт податоци (e-mail и тел.бр.). Бројот на учесници е ограничен.