Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
Тел: +389 3247 150, +389 3247 159, +389 75 444 627,+389 70 233 086
E-mail: isrsm@isrsm.gov.mk
Јуриј Гагарин 15, кат 3, 1000 Скопје
Главно мени

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ПРАВНО ЛИЦЕ КОЕ ВРШИ ДЕЈНОСТ ИЛИ ПОСЕДУВА ДОЗВОЛА ЗА СОБИРАЊЕ И/ИЛИ ТРАНСПОРТИРАЊЕ, ПРЕРАБОТКА, РЕЦИКЛИРАЊЕ И УНИШТУВАЊЕ НА ОТПАД

ЈАВЕН ПОВИК

Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија, врз основа на член 42 став (3) од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост (,,Службен весник на Република Македонија’’ бр. 78/15, 106/15, 153/15, 190/16 и 21/18 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија’’ бр.101/19)  и Одлуката за давање на согласност за спроведување на постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање,преработка, рециклирање и уништување на отпад на Владата на Република Северна Македонија („Службен Весник на Република Северна Македонија“бр. 167/21 година), објавува јавен повик за избор на правнo лицe кое врши дејност или поседуваат дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад за движни ствари -електронска, електрична и информатичка опрема кои немаат вредност односно се дотраени, неупотребливи и технолошки застарени и истите не се користат од страна на Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија.

Избраното правно лице на јавниот повик има обврска да изврши преземање на движните ствари - електронска, електрична и информатичка опрема предмет на јавниот повик и истите да ги транспортира како отпад на соодветен начин, согласно со законските прописи.

Движните ствари се наоѓаат во  помошните простории во зградата на Министерството за економија на ул. “Јуриј Гагарин”бр. 15 – Скопје катови II и III.

Право на учество на јавниот повик имаат сите домашни правни лица, кои поседуваат важечка Дозвола за собирање и/или транспортирање на отпад, издадена од надлежен орган.

Лицe за контакт во врска со јавниот повик: Валентина Арсовска, телефон за контакт: 02/3247-160 и 075/251-085 електронска адреса: arsovska.valentina@isrsm.gov.mk.  .

Подетални информации за движните ствари (листа на движни ствари), како и потребна документација во врска со јавниот повик може да се подигне лично од просториите на Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија Министерството за економија II и IIIкат ул. “Јуриј Гагарин”бр. 15 – Скопје или електронски, преку следниотлинк: Јавен повик за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад објавен на веб страната на Институтот за стандардизација на Република Северена Македонија.

Краен рок за доставување на пријавите за учество е 10.02.2022 година до 15:00 часот.

Институт за стандардизација на Република Северна Македонија

Институтот за стандардизација 

на Република Северна Македонија

       м-р Џеват Кицара