Kонференција за климатски промени на Обединетите Нации COP27 – 2022
Шарм Ел-Шеик, 11 ноември 2022 година
На конференцијата за климатски промени на Обединетите Нации COP27 – 2022, ISO го лансираше првиот глобално усогласен документ за ефективни климатски активности IWA 42:2022 Net Zero Guidelines.
За нешто повеќе од една година, 1200 организации и експерти од повеќе од 100 земји, преку процес заснован на взаемна соработка и консензус, изработија документ кој обезбедува јасни, усогласени дефиниции и насоки.
Оваа значајна публикација ги дефинира клучните концепти и терминологија поврзани со Net-Zero и дава потребни насоки за справување со главната бариера на патот кон свет со минимум емисии на гасови што придонесуваат во зголемување на ефектот на стаклена градина.
Документот претставува добра алатка за креаторите на политиките и за сите кои работат на нето-нула емисии на гасови на стаклена градина, и дава основа за одговорност и известување за ефективни климатски активности.
Информации на следните линкови: