Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
Тел: +389 2 3247 150, +389 2 3247 159, +389 2 3247 157, +389 75 444 627
E-mail: isrsm@isrsm.gov.mk
Јуриј Гагарин 15, кат 3, 1000 Скопје
Главно мени

Контакт


ИНСТИТУТ ЗА СТАНДАРДИЗАЦИЈА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Јуриj Гагарин, бр.15, кат 3, Скопје

Тел: + 389 (0)2 3247-150; +389 (0)2 3247 177; Факс: +389 (0)2 3247-151
Инфо центар: +389 (0) 2 3247-159; 3247-157; 075-444-627

e-mail: isrsm.info@isrsm.gov.mk; isrsm@isrsm.gov.mk
Работно време: 7:30-8:30 - 15:30-16:30 (Понеделник до Петок)

Формулар за контакт

Валидна е-пошта

Ве молиме внесете телефонски број за контакт

Информација за правата на субјектот на личните податоци

Законот за заштита на личните податоци (Службен Весник на Република Северна Македонија бр. 42/2020) му дава право на граѓанинот да знае кои лични податоци контролорите ги собираат, обработуваат и чуваат за него и дали тие работат законито. Заштитата за личните податоци во Република Северна Македонија се остварува на два начина:

1. Од една страна оној кој обработува лични податоци мора да се придржува кон принципите за заштита на личните податоци, со кои се гарантира дека истите се:

  • обработуваат во согласност со закон;

  • собираат за конкретни, јасни и со закон утврдени цели;

  • обработуваат на начин што е во согласност со тие цели;

  • соодветни, релевантни и не се преобемни во однос на целите заради кои се собираат и обработуваат;

  • точни, целосни и по потреба ажурирани при што ќе се избришат или коригираат податоците што се неточни или нецелосни; и

  • чувани во форма што овозможува идентификација на субјектот на личните податоци не подолго од што е потребно да се исполнат целите поради кои податоците се собрани за натамошна обработка.

2. Од друга страна граѓанинот има право:

  • да биде информиран за идентитетот на контролорот и неговиот претставник во Република Северна Македонија;

  • да оствари увид во збирката на лични податоци;

  • да знае кои лични податоци се чуваат за него во електронска или во хартиена форма;

  • да ги знае целите на обработката на неговите лични податоци;

  • да ги знае корисниците или категории на корисници на податоците;

  • да не се согласи со употребата на податоците за комерцијални цели или нивни пренос на трети лица заради такви цели;

  • на пристап и исправка на податоците.

Доколку Ви е одбиено барањето да извршите увид во збирката со лични податоци односно Ви е оневозможено правото на пристап, исправка или бришење на личните податоци, имате право да поднесете барање за утврдување на повреда на правото на заштита на личните податоци до Агенцијата за заштита на личните податоци.

НАПОМЕНА: Правата на субјектот на лични податоци се пропишани во согласност со одредбите на член 16, 17 и 18 од Законот за заштита на личните податоци (Службен Весник на Република Северна Македонија бр. 42/2020) и одредбите од Правилникот за безбедност на обработката на личните податоци (Службен весник на Република Северна Македонија, бр. 122/20). Имено, согласно чл.16 ст. (1), во врска со ст. (3) - Информациите треба да бидат дадени во писмена форма или со други средства, вклучувајќи каде што е применливо по електронски пат. По барање на субјектот на личните податоци, информациите може да се дадат усно, под услов идентитетот на субјектот на личните податоци да е докажан со други средства; и воедно, кога субјектот на лични податоци поднесува барање во електронска форма, информациите се даваат со користење на електронски средства каде што е можно, освен ако субјектот на личните податоци побара поинаку.

Мапа