Македонски стандард е стандард кој е донесен од страна на Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија (ИСРСМ) и е достапен на јавноста.
Македонскиот стандард може да биде идентичен со европски (EN), меѓународен (ISO/IEC) стандaрд или некој друг национален стандард (DIN, BS…) и во тој случај можете да го препознаете по ознаката (МКС EN, МКС ISO, МКС DIN), меѓутоа,македонскиот стандард може да биде и „само“ национален стандард, односно изработен од експерти од ИСРСМ техничките работни тела и усвоен од ИСРСМ како македонски стандард. Овој стандард не е усвоен на европско и меѓународно ниво,но за неговото постоење, европските тела за стандардизација мора да бидат известени.
Покрај македонски стандард, ИСРСМ преку своите технички работни тела развива и објавува и други стандардизациски документи како што се техничките извештаи и техничките спецификации.