Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
Тел: +389 2 3247 150, +389 2 3247 159, +389 2 3247 157, +389 75 444 627
E-mail: isrsm@isrsm.gov.mk
Јуриј Гагарин 15, кат 3, 1000 Скопје
Главно мени

МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА СТАНДАРДИЗАЦИЈАТА И МЕСЕЦОТ НА САЈБЕР-БЕЗБЕДНОСТА

Во организација на Асоцијацијата за корпоративна безбедност – Скопје се одржа меѓународна конференција на темата „Сајбер-безбедноста – реалност за компаниите“. Организаторот на конференцијата, проф. д-р Атанас Козарев, првиот човек на асоцијацијата, истакна дека фокусот на конференцијата е издигнување на свеста за неоходноста од јакнење на безбедносната култура во деловната заедница во нашата држава и поширко. – Иако последните две години вниманието на човештвото беше свртено кон една од досега посериозните здравствени закани, сепак сајбер-нападите не престанаа, туку напротив, манифестираа исто така нова феноменологија. На овие сајбер-закани не се имуни ниту нашата држава, нејзините граѓани и деловниот свет. Во 2018 година, Владата на РСМ ја донесе Националната стратегија за сајбер-безбедност 2018-2022, со цел, покрај другото, и заради промовирање култура за сајбер-безбедност, со што ќе се постигне сеопфатно разбирање на сајбер-заканите, како и градење и унапредување на потребните капацитети за заштита – рече Козарев. Со Акцискиот план се настојуваше да се зајакне институционалниот капацитет преку формирање национален совет за сајбер-безбедност и формирање тело со оперативни капацитети за сајбер-безбедност како новоформиран самостоен орган (агенција, дирекција) или како новоформирана организациска единица, односно орган во рамките на постоен орган, дополни Козарев.

– Сите овие активности се во функција на превентивно-репресивната борба против сајбер-криминалците, кои злоупотребувајќи ги достигнувањата и придобивките на информатичката технологија извршуваат софистицирани кривични дела со исти или слични криминалистички карактеристики – посочи во своето излагање организаторот на конференцијата. На крајот, Козарев истакна дека е особено значајно за оваа конференција што се одржува во месецот што е означен како меѓународен месец на сајбер-безбедноста. Модераторка на пленарните сесии на конференцијата беше г-ѓа Виолета Лузевска Рајчевска од „Македонски телеком“. Меѓународниот карактер на конференцијата го збогатија предавањата на проф. д-р Никола Протрка од Полицискиот колеџ во Хрватска, експерт за дигитални докази, компјутерска форензика, сајбер-криминал итн. Како експерт, тој е клучен во повеќе проекти во ЕУ, како што е твининг-проектот „Обезбедување поддршка во имплементација на модернизацијата на легислативната рамка за заштита на лични податоци во Република Македонија“. Неговата презентација на темата „Сајбер-простор: наш пријател или непријател“ на исклучително високо академско и експертско ниво ги објасни современите аспекти на разноликоста на сајбер-просторот денес. Проф. д-р Хадиб Салкиќ, од Центарот за деловни студии во Кисељак, БиХ, постојан судски вештак од подобласта мобилна телефонија на Федералното Д-р Снежана Черепналковска Дуковска, од Дирекцијата за внатрешна ревизија на Народна банка, прикажа што е клучно за градење сајбер-издржливост од перспективата на внатрешен ревизор за ИТ. Таа истакна дека од голема важност е да се покаже лидерство за овој домен и да се започне со активности и унапредување во оваа област во компаниите заради сајбер-предизвиците коишто се непредвидливи. Целта на воведување на сајбер-издрживоста е да се продолжи со спроведување на деловните активности, со намален капацитет и перформанси, дури и во случај на масивен сајбер-напад.

Директорот на Институтот за стандардизација, м-р Џеват Кицара, се осврна на актуелните состојби поврзани со функционирањето на институтот и посебно истакна дека одржувањето на конференцијата се поврзува со вчерашниот Светски ден на стандардизацијата и упати посебна порака за поврзување на државните органи, институтуциите, асоцијациите, физичките лица со институтот, со цел примена на светските стандарди во оваа област. Лилјана Хаџиевска-Антовска, дипл. ел. инж. од Институтот за стандардизација, ја објасни стандардизацијата во областа на сајбер-безбедноста. Во втората сесија од конференцијата, следуваа презентациите на: Мартин Василковски, вработен во „Дата мастерс“, Скопје, кој зборуваше за тоа како науката за податоци (Data Science) го поддржува процесот на сајбер-безбедност; Александар Ацев, раководител на службата Национален центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT, од богатото професионално искуство навлезе во современите сајбер-ризици, закани, напади и добри практики за одбрана, и Билјана Божиновска, од „Македонски телеком“ со предавање на темата „Пристап на ’Заштита во слоеви‘ како сајбер-безбедносна стратегија.

сајбер-безбедноста-реалност-за-компаниите