Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
Тел: +389 02 3247 150, +389 02 3247 159, +389 75 444 627,+389 76 448 791
E-mail: isrsm@isrsm.gov.mk
Јуриј Гагарин 15, кат 3, 1000 Скопје
Главно мени

МЕЃУНАРОДНИ СТУДЕНТСКИ РАБОТИЛНИЦИ

ISO - Меѓународната организација за стандардизација, минатата година започна голема акција за вклучување на студентите во светот на стандардизацијата повикувајќи ги и студентите од нашата земја на бесплатни онлајн работилници.

Четвртата серија работилници започнува на 26 Март и има за цел да ги запознае студентите со процесот и развојот на меѓународни стандарди и придобивки од нивната примена со цел нивен ангажман и создавање успешна кариера.

Претседавачот на Меѓународната организација за стандардизација (ISO) DEVCO, г-ѓа Мојдех Рошан Табари, ќе биде главен говорник на бесплатната виртуелна работилница на тема „ISO & THE ROLE OF STUDENTS IN MAKING LIVES EASIER, SAFER & BETTER“ (https://www.iso.org/devco.html).

Ги покануваме сите заинтересирани студенти да се пријават на следниот линк: https://isineg.org/.

Исто така ве информираме дека е формиран Првиот меѓународен Студентски технички комитет, ISINEG/TC 1 „Климатски промени“ во кој членуваат студенти од 25 земји.

Студентскиот технички комитет одржа 3 пленарни состаноци и создаде 8 работни групи во кои студентите од светот вклучително и нашата земја имаат можност да се вклучат и предлагаат нови предлози и идеи за работа.