Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
Тел: +389 02 3247 150, +389 02 3247 159, +389 75 444 627,+389 70 233 086
E-mail: isrsm@isrsm.gov.mk
Јуриј Гагарин 15, кат 3, 1000 Скопје
Главно мени

Меморандум за соработка помеѓу Агенција за Катастар и ИСРСМ

Агенцијата за Катастар на Недвижности на Република Северна Македонија АКН е институција надлежна за основните геодетски работи, премерот на недвижностите во функција на катастарот на недвижностите, востановувањето и одржувањето на катастарот на недвижностите, државните топографски карти, регистарот на просторни единици, содржината  и управувањето со податоците од геодетско-катастарскиот информациски систем, воспоставувањето,  одржувањето и јавниот пристап до националната инфраструктура на просторните податоци согласно со Законот за катастар на недвижности.

Во духот на заемната меѓуинституционална соработка, која ќе придонесе за организирана и дефинирана меѓусебна поддршка во исполнување на функционалните надлежности на страните, Агенцијата за Катастар на Недвижности на Република Северна Македонија (АКН) и Институт за стандардизација на РСМ (ИСРСМ) потпишаа меморандум за соработка

Соработката ќе се реализира преку заеднички активности на експерти од двете институции и работните групи за поддршка на националната стратегија за примена на европското и националното техничко законодавство, стандардите и европската практика со  учество на конференции, обуки и други настани организирани од страните потписнички.

Од двете институции е истакнато задоволство од досегашната професионална и успешна соработка

ИСРСМ, како единствено национално тело за стандардизација во Република Северна Македонија, надлежен е за подготвување, одобрување и усвојување на македонски стандарди од сите области опфатени од Европскиот комитет за стандардизација (CEN), Меѓународната организација за стандардизација (ISO), Европскиот комитет за електротехничка стандардизација (CENELEC), Меѓународната електротехничка комисија (IEC) и Европскиот телекомуникационен институт за стандардизација (ETSI), согласно со Законот за стандардизација.