Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
Тел: +389 02 3247 150, +389 02 3247 159, +389 75 444 627,+389 70 233 086
E-mail: isrsm@isrsm.gov.mk
Јуриј Гагарин 15, кат 3, 1000 Скопје
Главно мени

МЕМОРАНДУМ ЗА РАЗБИРАЊЕ ПОМЕЃУ ИСРСМ И DPS

Во Тирана, Албанија по покана на генералниот директор на институт за стандардизација на Албанија (DPS) г-дин Риза Хасанај, директорот на ИСРСМ г-дин Џеват Кицара во присуство на делегациите на двата института, потпишаа меморандум за соработка помеѓу двете институции со цел продолжување, продлабочување како и понатамошно развивање на веќе постоечка успешна деловно-техничка и блиска соработка помеѓу двете пријателски институции.

Институт за стандардизација на Република Северна Македонија ИСРСМ и Институт за стандардизација на Република Албанија (DPS) се единствени, признаени национални тела за стандардизација на Република Албанија и Република Северна Македонија, одговорни за развивање, усвојување, одобрување и објавување на стандарди во сите области. ИСРСМ и DPS se полноправни членки на ISO, придружни членки на IEC.

Во блиска иднина DPS ќе стане полноправна членка на CEN и CENELEC во која ИСРСМ e полноправна членка веќе 10 години а со потпишување меморандум, размена на искуствата и поблиска соработка, двете институции ќе бидат на највисоко ниво.