Со промовирање на улогата и важноста на стандардизацијата на национално , европско и меѓународно ниво и нејзиниот постојан развој ИСРСМ
- Ги исполнува потребите и очекувањата на сите засегнати страни;
- Придонесува за квалитетот и конкурентноста на македонската економија;
- Дозволува класификација на квалитетните македонски производи на меѓународниот пазар;
- Ги задоволува барањата за членство на Македонија во Европската Унија како и обврските кои би ги имала како член;
- Учествува во процесот на интеграција на европските и меѓународните процеси на стандардизација.
Визијата на ИСРСМ е да биде признато тело за стандардизација како на национално ниво, така и на регионално, европско и меѓународно ниво што се карактеризира преку одличната изработка на неговите публикации и услуги како и преку способноста, професионализмот и посветеноста на вработените.
Основните цели на ИСРСМ се ефикасен и одржлив систем за стандардизација во Република Северна Македонија кој ќе овозможи потполно учество во стандардизацискиот систем на европско и меѓународно ниво, што има за цел поддршка на македонското стопанство при излезот на странските пазари и заштита на македонските интереси