Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
Тел: +389 02 3247 150, +389 02 3247 159, +389 75 444 627,+389 70 233 086
E-mail: isrsm@isrsm.gov.mk
Јуриј Гагарин 15, кат 3, 1000 Скопје
Главно мени

МК IWA 34:2022 - ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Целта на Обединетите нации за постигнување одржлив развој е и родова рамноправност, јакнење на жените и поттикнување на нивното учество во економијата, стандардизацијата и женското претприемништво.

Примена на стандарди од женското претприемништво и работа може да допринесе во остварување подобри резултати на компании во кои доминантна улога имаат жените.

Новиот MK IWA 34:2022   воспоставува збир на заеднички дефиниции поврзани со женското претприемништво, како што се оние за бизниси во сопственост на жени и бизниси предводени од жени. Овој документ, исто така, ги дефинира здруженијата предводени од жени и неформалните претпријатија предводени од жените. 

Овие дефиниции може да се користат, на пример, во програмите за економско зајакнување на жените (како што се програмите за јавни набавки и трговија) и за собирање на меѓународно споредливи податоци за женското претприемништво (вклучувајќи го и влијанието врз локалните и националните економии). 

Овој документ, исто така, дава критериуми за проценка на важни фактори поврзани со овие дефиниции, како што се сопственост, управување и контрола но и како да се постапува со распределување со инвестиции

https://isrsm.gov.mk/mk/project/show/isrsm:proj:73134