Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
Тел: +389 02 3247 150, +389 02 3247 159, +389 75 444 627,+389 76 448 791
E-mail: isrsm@isrsm.gov.mk
Јуриј Гагарин 15, кат 3, 1000 Скопје
Главно мени

MKC EN ISO 14001

Цел на системот за менаџмент на животна сердина

е на организациите да им се обезбеди рамка за заштита на животната средина и да одговараат на промените на состојбите во животната срeдина во рамнотежа со општествено – економските потреби. Со него се специфицираат барањата кои овозможуваат организацијата да ги реализира предвидените резултати, кои организацијата ги поставува, за својот систем за менаџмент на животната средина.

MKC EN ISO 14001 и помага на организацијата да ги постигне планираните резултати од нејзиниот систем за управување со животната средина, кои обезбедуваат вредност за животната средина, самата организација и заинтересираните страни. Во согласност со политиката за животна средина на организацијата, планираните резултати од системот за управување со животната средина вклучуваат:

· подобрување на еколошките перформанси;

· исполнување на обврските за усогласеност;

· постигнување на еколошките цели.

MKC EN ISO 14001 е применлив за секоја организација, без оглед на големината, видот и природата, и се применува на еколошките аспекти на нејзините активности, производи и услуги за кои организацијата определува дека може да ги контролира или да влијае со оглед на перспективата на животниот циклус.

MKC EN ISO 14001 може да се користи целосно или делумно за систематско подобрување на управувањето со животната средина. 

Систематичниот пристап на менаџмент на животна средина може да му обезбеди на врвното раководство информации кои ќе му помогнат долгорочно да се оствари успехот и да се создадат можности кои ќе придонесат за одржливиот развој преку:

  • заштита на животната средина по пат на превенција или ублажување на штетните влијанија врз животната средина;
  • ублажување на потенцијалниот штетен ефект од состојбата на животната средина на организацијата;
  • помагање на организацијата при исполнување на обврските за усогласеност;
  • унапредување на перформансите на животната средина;
  • контролирање или влијание на начин на кој производите и услугите на организацијата се дизајнираат, произведуваат, дистрибуираат, употребуваат и одложуваат, со користење на перспективите на животниот циклус, со што може да се спречи влијанијето врз животната средина од ненамерно поместување на друго место, во рамките на животниот циклус.
  • постигнување на финансиски и оперативни придобивки кои може да произлезат од примена на алтернативни поволности од животната средина, кои ја зајакнуваат пазарната позиција на организацијата.
  • соопштување на информациите за животната средина на релевантните заинтересирани страни.

Со овој меѓународен стандард како и со другите меѓународни стандарди, не е предвидено зголемување или менување на законските барања на организацијата.

Фактори на успех

Успехот на системот на менаџмент на животната средина зависи од посветеноста на сите нивоа и функции на организацијата, предводена од врвното раководство. Организациите можат да ја искористат можноста и да ги спречат или ублажат штетните влијанија на животната средина, посебно на тие со стратешки последици и последици по конкурентноста. Врвното раководство може ефективно да се занимава со ризиците и можностите на организацијата, така што менаџментот на животната средина се интегрира во работниот процес на организацијата, стратешкото насочување и донесување на одлука, прилагодување со други работни приоритети и вклучување на управување на животната средина во целокупниот систем за менаџмент. Покажувањето на успешната примена на овој меѓународен стандард може да се користи така што заинтересираните страни би се увериле дека е применет ефективен систем на менаџмент на животна средина.

Примената на овој меѓународен стандард може да се разликува од организација до организација, во зависност од контекстот на конкретната организација. Две оганизации можат да извршуваат слични активности, но може да имаат различни обврски за усогласенот, посветеност на политиката на животната средина, технологија во врска со животната средина и целите кон перформансите во врска со животната средина, но сепак и двете можат да бидат со согласност со барањата на овој меѓународен стандард.