Институт за стандардизација на Република Северна Македонија
Тел: +389 02 3247 150, +389 02 3247 159, +389 75 444 627,+389 76 448 791
E-mail: isrsm@isrsm.gov.mk
Јуриј Гагарин 15, кат 3, 1000 Скопје
Главно мени

MKC EN ISO 9001

MKC EN ISO 9001 -Системи за менаџмент со квалитет  - Барања

Овој стандард ги специфицира барањата за систем за управување со квалитет кога една организација:

а) треба да ја покаже својата способност постојано да обезбедува производи и услуги кои ги задоволуваат клиентите и важечките законски и регулаторни барања, и

б) има за цел да го подобри задоволството на клиентите преку ефективна примена на системот, вклучително и процеси за подобрување на системот и обезбедување на усогласеност со клиентот и важечките законски и регулаторни барања.

Сите барања на MKC EN ISO 9001 се генерички и се наменети да бидат применливи за секоја организација, без оглед на нејзиниот вид или големина, или производите и услугите што ги обезбедува.

Усвојувањето на системот за менаџмент со квалитет е стратешка одлука на една организација која може да помогне да се подобрат нејзините вкупни перформанси и да обезбеди цврста основа за иницијативите за постојан развој.

Потенцијалните придобивки за една организација од имплементирањето на системот за менаџмент за квалитет базиран на овој меѓународен стандард се:

a) спосoбност конзистентно да обезбедува производи и услуги кои ги исполнуваат барањата

на корисникот и применливите законски и регулаторни барања;

b) потикнување на можноста за зголемување на задоволството на корисникот;

c) адресирање на ризиците и можностите кои се поврзани со нивниот контекст и цели;

d) способност да се демонстрира усогласеност со специфичните барања на системот за менаџмент со квалитет.

Овој меѓународен стандард можат да го користат интерните и екстерните страни.

Барањата на системот за менаџмент со квалитет специфицирани во овој меѓународен стандард се комплементарни со барањата за производи и услуги.

Овој меѓународен стандард промовира процесен пристап, кој го инкорпорира кругот ,,планирај– направи – провери - дејствувај,, (Plan–Do-Check-Act-PDCA) и размислување базирано на ризици.

What is Plan-Do-Check-Act (PDCA) Cycle? | Kanbanize

Процесниот пристап и овозможува на организацијата да ги испланира своите процеси и нивното меѓусебно делување.

PDCA циклусот и овозможува на организацијата да се обезбеди дека нејзините процеси се снабдуваат со адекватни ресурси и дека со тие процеси адекватно се менаџира, а можностите за подобрување се одредени и се делува според нив.

Размислувањето базирано на ризикот и овозможува на организацијата да ги утврди факторите кои би можеле да влијаат на нејзиниот процес и нејзиниот систем за менаџмент со квалитет да отстапува од планираните резултати, да воспостави превентивно управување за да негативните ефекти се сведат на минимум и максимално да се искористат можностите кога тие ќе се појават. (видете точка А.4).

Конзистентно исполнување на барањата и занимавањето со идните потреби и очекувања претставува предизвик за организацијата во се подинамично и покомплексно опкружување. За да се исполни оваа цел, организацијата би можела да утврди дека е неопходно да се усвојат различни форми на подобрување, покрај корекцијата и постојаното подобрување, како што се нагла промена, иновација и реорганизација. 

Принципи на менаџмент со квалитет

Овој меѓународен стандард е базиран на принципите на менаџментот со квалитет кои се опишани во стандардот ISO 9000. Описите вклучуваат изјава за секој принцип, образложение зошто е тој принцип важен за организацијата, некои примери на продобивки кои се поврзани со тој принцип и примери на типични активности за подобрување на работењето на организацијата при примена на принципот.

Принципи на менаџмент за квалитет се:

фокусирање на корисникот;

лидерство;

ангажирање на луѓе;

процесен пристап,

подобрување;

донесување на одлуки врз основа на факти;

менаџмент на меѓусебните односи.

Други стандарди вклучени во управување со квалитет

MKC EN ISO 9004 - Менаџмент за постојан успех на организацијата - Пристап за менаџмент со квалитет

MKC ISO 10001 - Задоволство на купувачот - Упатства за правила на водење на организации

MKC ISO 10002 - Задоволство на купувачот -- Упатства за постапување со жалбите во организациите

MKC ISO 10003 - Задоволство на купувачот - Упатства за решавање на надворешни спорни одлуки помеѓу организации

MKC ISO 10004 - Задоволство на купувачот -- Упатства за следење и мерење

MKC ISO 31000 - Менаџмент со ризици – Упатства

MKC EN IEC 31010 -  Менаџмент на ризик -- Техники за оцена на ризик

и многу други стандарди усвоени од ИСРСМ ТК 9  - Менаџмент со квалитет, животна средина и ризици