О Б У К А З А
„МКС EN ISO/IEC 17025:2018 - Општи барања на компетентност на лаборатории за тестирање и калибрација“
13 Декември 2023
Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија (ИСРСМ) организира обука за стандардот МКС EN ISO/IEC 17025:2018 - Општи барања на компетентност на лаборатории за тестирање и калибрација. На обуката детално ќе се разработи структурата на стандардот МКС EN ISO/IEC 17025:2018; ќе се идентификуваат и објаснат барањата на стандардот МКС EN ISO/IEC 17025:2018; ќе се направи споредба и преглед со претходната верзија на стандардот МКС EN ISO/IEC 17025:2007. Обуката е наменета за оние кои детално сакаат да се запознаат со барањата на стандардот МКС EN ISO/IEC 17025:2018, за раководителите за квалитет, раководители на лаборатории, претставници на лабораториите за тестирање и калибрирање, оценувачи итн.
Предавач на оваа обука ќе биде г-ѓа Јасмина Јаневскa, Координатор за акредитација на сертификациони тела од Институтот за акредитација на Република Северна Македонија. Г-ѓа Јасмина Јаневскa е водечки оценувач за процедурите за акредитација, обучувач за оценувачи за стандардот МКС EN ISO/IEC 17025:2018 како и член на Комитетот за лаборатории при Европската акредитација.
Ве покануваме да учествувате на оваа обука која ќе биде одржана на 13 Декември 2023. Ве молиме да ни го потврдите вашето учество најдоцна до 11 Декември 2023. Цената за обуката изнесува 6.000,00 денари, 20% попуст се одобрува за членките на ИСРСМ како и за повеќе учесници од иста институција. Учесниците на оваа обука ќе се стекнат со сертификати, а котизацијата за обуката вклучува материјали за обуката, примерок од стандардот како и сертификат за учество.
За сите дополнителни информации ви стоиме на располагање.
Лице за контакт:
Јасминка Муковиќ
Советник за информации
телефон: 02 3247 157
мобилен: 075 444 627
емаил: isrsm.obuki@isrsm.gov.mk